Хабл забележа спирален мост од млади ѕвезди помеѓу две древни галаксии

0

Уникатната структура на ѕвездената спирала може да ни отвори нови погледи околу формацијата на ѕвездените суперјата кои резултираат од спојување на галаксии и динамиката на гасовите.

Хабл телескопот на НАСА направи фотографија од 100 000 светлосни години долга структура која изгледа како низа од бисери завртена во спирален облик и ги обиколува јадрата на две масивни галаксии. „Бисерите“ се суперјата од вжештени сино-бели новородени ѕвезди

Хабл телескопот на НАСА направи фотографија од 100 000 светлосни години долга структура која изгледа како низа од бисери завртена во спирален облик и ги обиколува јадрата на две масивни галаксии. „Бисерите“ се суперјата од вжештени сино-бели новородени ѕвезди

Хабл телескопот на НАСА фотографираше необична структура долга 100 000 светлосни години која личи на спирално обликувана низа од бисери која обиколува јадро на две галаксии кои се судираат.

Уникатната структура на ѕвездената спирала може да ни даде нови погледи кон формацијата на ѕвездените суперјата кои резултираат од спојување на галаксии и динамиката на гасови при вакви процеси во овој ретко гледан настан.

„Ние сме изненадени што ја најдовме оваа зачудувачка морфологија. Ние веќе долго знаеме дека феноменот „зрнца на низата“ е забележан во опашките на спиралните галаксии и во приливните мостови помеѓу галаксии во заемнодејствие. Како и да е, ова особено подредување на суперјатото никогаш не е видено претходно во огромни елептични галаксии кои се спојуваат“, вели Грант Тремблеј од Европската јужна обсерваторија (ЕSO) во Германија.

Младите сини ѕвездени суперјата се рамномерно расространети во низата низ галаксиите на растојание од 3 000 светлосни години. Парот на елиптични галаксии е сместен длабоко во густото галактичко јато познато како SDSS J1531+3414. Моќното гравитациско поле ги закривува сликите на позадинските галаксии во сини ленти и лаци кои даваат илузија дека се внатре во јатото, ефект познат како гравитациско закривување.

Главниот процес кој ги раѓа овие структури наречени „низи од бисери“ се поврзани со еден физички феномен наречен гравитациска нестабилност. Процес кој се случува кога внатрешниот притисок на интерстеларен облак од гас не е доволно голем за да го спречи гравитацискиот колапс на регијата исполнета со материја, резултирајќи во формација на ѕвезди.

Научниците моментално работат за подобро да го разберат потеклото на низата од ѕвезди. Една возможност е дека ладниот молекуларен гас кој го снабдува со гориво формирањето на ѕвезди е по потекло од двете галаксии кои се спојуваат. Друга возможност е таканареченото „cooling flow“ сценарио, каде што гасот се лади од температура од 10 милиони степени на атмосферата на плазмата која ги опкружува галаксиите, формирајќи базени на ладен молекуларен гас кои подоцна почнуваат да формираат ѕвезди. Третата возможност е дека ладниот гас кој ја снабдува со гориво низата на формирање на ѕвезди потекнува од високо температурен шок бран креиран од судирот на двете гигантски елиптички галаксии. Судирот го компресира гасот и креира слој од густа плазма која се лади.

„Какво и да е потеклото на овој ѕвездено формирачки гас, резултатот е неверојатен“, додава Тремблеј.

Извор: Astronomy.com

Превод: Марко Шунтов

Сподели.