Откриен е масивен „океан“ под површината на Земјата

0

Во длабочините под Земјината површина, откриен е резервоар на вода чиј волумен е три пати поголем од волуменот на сите површински океани. Ова пронаоѓање би можело да објасни од каде потекнуваат Земјините мориња.

Ова количество на вода е скриено во внатрешноста на син камен наречен рингвудит (ringwoodite), кој се наоѓа на длабочина од 700 километри во Земјината обвивка, која претставува слој од жежок камен помеѓу Земјината површина и нејзиното јадро.

Големото количество на овој резервоар посочува кон нови сознанија за потеклото на Земјината вода. Одредени геолози веруваат дека водата на нашата земја пристигнала при судирите со комети, но новото откритие ја поддржува алтернативната идеја која вели дека океаните постепено процедиле од внатрешноста на Земјата.

Стивен Јакобсен од Нортвестерн Универзитетот, Илиноис, вели дека „ова откритие претставува одличен доказ дека Земјината вода е дојдена од самата внатрешност на Земјата“. Постои можност дека оваа вода има улога на снабдувач за океаните на површината, објаснувајќи зошто тие ја немаат променето својата количина за време од милиони години.

Тимот на Јакобсен користел 2000 сеизмометри со цел да ги проучуваат брановите кои биле генерирани од повеќе од 500 земјотреси. Овие бранови се движат низ внатрешноста на Земјата, вклучуваќи го и јадрото, а приота можат да бидат забележани на површината. „Тие прават Земјата да ѕвони како ѕвонче дури неколку денови отпосле“, вели Јакобсен.

Мерејќи ја брзината со која брановите минувале низ различни патишта, тимот можел да ги одреди типовите на камења низ кои брановите поминувале. Слојот со вода бил откриен бидејќи брановите биле забавени при поминувањето низ овој регион, со оглед на тоа што е потребен подолг период за премин на брановите низ влажен камен во однос на сув камен.

Јакобсен однапред осознал што би се случило со брановите во присуство на рингвудит, кој содржи вода. Тој одгледувал рингвудит во својата лабараторија и своите примероци ги изложил на големи притисоци и температури, нагодувајќи услови како оние во длабочина од 700 километри.

Како порачано, тимот пронашол знаци од влажен рингвудит кај зоната на транзиција на растојание од 700 километри, регион кој ги дели горниот и долнот дел од обвивката на Земјата. Во тие длабочини, притсокот и температурата се соодветни за истискување на водата од каменот.

Откритието на Јакобсен го поддржува скорешниот труд на Грахам Пеарсон од Универзитетот на Алберта, Канада. Пеарсон проучувал дијамант од транзициската зона кој бил исфрлен на површината од страна на вулкан и тој пронашол дека истиот содржел влажен рингвудит, првиот силен доказ дека има големо количество на вода кај транзициската зона.

Засега, Јакобсен има докази дека влажнот камен се наоѓа под Америка. Тој сега сака да открие дали истиот се простира низ целата планета.

„Треба да бидеме благодарни за овој длабок резервоар“, вели Јакобсен. „Доколку не се наоѓаше таму, овој резервоар би се наоѓал на површината на Земјата и врвовите на планите би биле единственото копно кое би ѕиркало над водата“.

Извор: New Scientist

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.