Астрофизичарите ја разрешија мистеријата со задната страна на Месечината

0
Слика од задната страна на Месечината направена со летало на НАСА во 2009 година. Заслуги: НАСА.

Слика од задната страна на Месечината направена со летало на НАСА во 2009 година. Заслуги: НАСА.

Едно од најголемите научни изненадувања за нас е токму изгледот на задната страна на Месечината, кој е сосема поразличен од страната која е постојано насоченакон нас. По 55 години од првите фотографии направени од мистериозната страна на Месечината, астрофизичарите од Универзитетот во Пенсилванија понудија објаснување за оваа појава.

Заслуги: Scott Chapman

Тие велат дека најпрво, ова се должи на насилниот начин на кој се оформил сателитот откако објект со големина на Марс се судрил со Земјата. Големиот судир резултурал со многу остатоци од кои се создала Месечината. Настанот ги довел и Земјата и Месечината до огромни температури, со тоа што Месечината како помал објект побргу се оладила. Земјата продолжила и понатаму да зрачи со повеќе од 2,500 степени и затоа поблиската страна на нашиот сателит останала загреана многу подолго во споредба од задната страна.

Mилиони години подоцна елементите како алуминиум и калциум се споиле со силикатите од внатрешноста и така комбинирани се придвижиле кон површината и ја формирале кората. Кај задната страна овие биле позастапени и затоа таму кората е подебела.

Со ова може да се објаснат и визуелните разлики. Па така, областите во форма на мориња на страната насочена кон Земјата биле оформени од удари на големи метори кои ја активирале лавата од внатрешноста, по што таа се исфрлала над површината. За разлика од ова, на задната, подебела и поцврста страна, метеорите не успевале да продрат доволно длабоко под површината. Според научниците, токму на ова се должи разликата во големите разлики на површината на Месечината.

Извор: Universe Today

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.