Сите видови на живи суштества се осудени на изумирање во одреден период. Стапката на истребување варира и за нејзина проценка се набљудуваат фосилните остатоци при некои драматични катастрофални настани како вулкани, астероиди.
За да се пресмета следното истребување од големи размери потребно е да знаеме колку видови изумираат секоја година и за колку од нив тоа се случува по природен пат. Проценувањето на овие две работи е мошне тешко бидејќи како за почеток, ние не сме ни свесни за постоењето на сите животински видови, па дел од нив изумираат без наше знаење.
Сепак, проценката е 0.1 стапка на истребување на милион видови годишно. Значи, помеѓу 100 и 1000 видови од еден милион исчезнуваат секоја година. Светот има преживеано 5 масовни истребувања за време на изминатите пола милијарда години. За време на секоја од овие катастрофи најголемиот дел од животните и растенијата исчезнале.
Најпознато за нас е изумирањето на диносаурусите предизвикано од удари на астероиди. Но, ова не е најмасовнато уништување на Земјата. Тоа е настанот од пред 252 милиони години, познат како Пермиско – тријаска катастрофа при која изумреле 96% од морските видови и 70% од копнените. Помеѓу овие два главни смртоносни настани има други со помали размери, главно предизвикани од климатските промени.
Сепак, научниците сметаат дека со комбинација од заштитнички однос, едукација и активности за контрола на климатските промени може да се избегне следната, шеста по ред глобална катастрофа.
Извор: IFLS
Превод: Михаела Стојанова