НАСА планира да испрати луѓе на Марс до 2035

0
 Уште пред 45 години во НАСА се правеа слики од ваков тип, но во меѓувреме има голем прогрес во можностите за посета на Марс. Заслуги: НАСА.

Уште пред 45 години во НАСА се правеа слики од ваков тип, но во меѓувреме има голем прогрес во можностите за посета на Марс. Заслуги: НАСА.

НАСА објави дека до 2035 година ќе однесе луѓе на Марс, но за тоа ќе биде потребно многу работа со обединување на заедничките сили од цел свет. Мисија од ваков тип не може да се оствари само со учество на една држава или група на луѓе, туку ќе треба заеднички придонес од целото човештво.

Според научниците оваа мисија е од многу големо значење за одговарање на трите најголеми прашања: дали сме сами, како сме настанале на оваа планета и како функционира Вселената?!

Сегашните можности на човештвото за проучување на Марс се ограничуваат на роверите. Но, потребно е многу повеќе од тоа, па оттаму доаѓа и планот за испраќање на обучени научници на планетата. Пред да се почне со реализација на ова мораме да најдеме начин да го испитаме влијанието на микрогравитацијата врз луѓето, снабдувањето со храна итн.

Друго важно прашање за ваква мисија е дали ќе стане збор за кратка истражувачка посета како на Месечината или можеби, би се започнало со постепена колонизација. Како критика кон реализацијата на Марс мисијата на НАСА често се споменуваат мисиите на Месечината или планираните директни истражувања на астероиди преку нивно ловење и задржување во орбитата, кои според некои, се само пречки кои го успоруваат пристигањето на Марс.

Извор: IFLS

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.