Астронаутите од Вселената се враќаат со заоблено срце

0

Кога астронаутите се наоѓаат во бестежинска состојба каде нема гравитација, нивните мускули не мораат да работат толку силно како и на Земјата. Во текот на долги мисии, мускулите атрофираат, што предизвикува кај астронаутите проблем кога се враќаат на Земјата. Но, што се случува со најважниот мускул во човечкото тело – срцето?

20140508_astronaut-720x405

За да дознаат, 12 астронаути направиле снимки со ултразвук на своите срца, кои ги снимале пред, за време и по мисијата од Меѓународната вселенска станица. Снимките покажале како во бестежинска состојба човечкото срце се деформира и станува заоблено. Кога се вратиле на Земјата, нивните срца се прошириле и се вратиле во нормалниот облик. Овие податоци се презентирани на годишното собирање на Американскиот Колеџ за Кардиологија.

Сознанијата за тоа како бестежинската состојба го менува срцето кај астронаутите, можат да им помогнат на организаторите на различни мисии да ги спречат штетните последици од долгите вселенски мисии на нивниот кардиоваскуларен состав.

Астронаутите веќе сега, пред мисиите работат посебни вежби за загревање на мускулите, а развивањето на слични вежби за нивните срца би можеле да им помогнат во одржувањето на овој мускул во форма.

Извор: ScientificAmerican

Превод: Петар Ивановски

Сподели.