Нептун

0

Нептун (грчки Посејдон) е бог на морето во римската митологија. Toj е осма планета по оддалеченост од Сонцето (иако од 1979 до 1999 беше деветта зад Плутон поради тоа што нивните орбити се сечат), а е четврт по големина. Нептун спаѓа во гасните џинови, планети од надворешниот дел од Сончевиот систем. Обиколката околу Сонцето има просечна оддалеченост од 4,5 милијарди км, т.е. е 30 пати подалеку од Земјата, поради што годината му трае 164,3 земјини години. Ротацијата (денот) му трае 16 часа и 7 минути. Екваторскиот полупречник изнесува 24.764 км, а масата му е 1.0278×1026 kg, или околу 17,2 Земјини маси.

Споредба на дијаметарот на Нептун и Земјата

Споредба на дијаметарот на Нептун и Земјата

Оваа сина планета одбива околу 41% сончева енергија (албедо=0,41). Со јак телескоп од Земјата може да се препознае како плав диск, но не очекувајте дека ќе видите детаљи, тоа е едвај можно со најдобрите телескопи на Земјата. За време на опозициите (кога е најблиску до Земјата) неговата магнитуда е околу 7.6, што значи дека е невозможно да се види со голо око.

ИНТЕРЕСНО

За постоењето на Нептун се знаело уште пред тој да биде откриен.

Ветровите во Нептуновата атмосфера се најбрзи во Сончевиот систем, до 2400 km/h.

Нептун низ телескоп прв го видел Галилео, додека во 1613 го набљудувал Јупитер. Нептун тогаш бил привидно многу блиску до Јупитер. Галилео го забележал поместувањето на таа “ѕвезда” во текот на неколку дена, но облачното време во критичните моменти го спречило во понатамошните истражувања. Кога времето, после неколку дена се поправило, Нептун бил веќе далеку од Јупитер.

Многу подоцна откако Уран бил откриен, околу 1840, станало јасно дека нешто влијае на неговата орбита. Уран, како што изгледало, не се однесувал во склад со Њутновите закони. Предвидено било постоење на уште една планета и се тргнало во потрага по неа. Два астронома независно ја пресметале положбата на новата планета, а трет астроном ја забележал планетата на местото каде што се очекувала да биде, во 1846 година. Седумнаесет дена подоцна откриен е Тритон, најголемиот нептунов сателит. Нереида е откриена 1949 од Кјупер.

Само едно летало го посетило Нептун: Војаџер 2, кој во 1989 година поминал 4950 км над неговиот северен пол. Војаџер 2 открил 6 мали и темни сателити (Najada, Talasa, Despina, Galateja, Larisa и Proteus). Во почетокот на 2003 откриени се 3 мали одалечени нептунови месечини.

Нептун спаѓа во гасните џинови. На основа на мерењата на Војаџер 2, пресметано е дека јадрото на Нептун има големина отприлика колку Земјата и дека Нептун емитира 2,7 пати повеќе енергија отколку што прима од Сонцето.

Магнетното поле е наклонето за 47 степени во однос на оската на ротација на планетата. Поларната светлост (аурора), која е забележана на Нетпун, поради сложеното магнетно поле не е ограничена само на поларните предели. Електричната сила на нетпуновата аурора е 2000 пати помала од земјината.

Атмосферата на нептун е составена најмногу од водород, малку хелиум, и нешто метан (кој ја впива црвената светлост и на тој начин му дава на Нептун карактеристична сина боја).Ветровите во Нептуновата атмосфера се најбрзи во Сончевиот систем, до 2400 km/h. За време на средбата со Војаџер 2 на Нептун е забележана голема темна дамка која ветровите ја носеле со брзина од 300 m/ѕ, голема колку Јупитеровата. Интересно е тоа што Големата Темна Дамка се наоѓа на иста географска ширина како и јупитеровата Голема Црвена Дамка.

Војаџер 2 ја мерел и топлината која ја испушта Нептуновата атмосфера – 482°C (750 K) во стратосферата и -218°C (55 K) во пониските слоеви. Овие високи температури во стратосферата се најверојатно резултат на компресното загревање.

Нептун, како и останатите гасни џинови, има прстени. Нивното албедо е многу мало, меѓу 0,015 и 0,04.

Нептун има 11 познати сателити, oд кои само еден е голем, Тритон.

Сподели.