Вавилонска астрономија

0
Набљудување на Халеевата комета, запишано во Кунеиформ на глинена табличка помеѓу 22-28 септември 164 г. п.н.е. во Вавилон, денешен Ирак.

Набљудување на Халеевата комета, запишано во Кунеиформ на глинена табличка помеѓу 22-28 септември 164 г. п.н.е. во Вавилон, денешен Ирак.

Иако Египќаните, Маите и Кинезите развиле интересни мапи на соѕвездија, како и корисни календари, сепак културата на Вавилонците бележи поголеми достигнувања. Вавилонската цивилизација растела од XVII до VI век п.н.е. За да го усовршат нивниот календар, тие ги проучувале движењата на Сонцето и Месечината. Тие го назначиле денот после новата месечина за почеток на секој месец. Околу 400 година п.н.е., период кога Вавилон е дел од Персија, вавилонските астрономи забележале дека привидните движења на Сонцето и Месечината од запад кон исток околу Зодијакот немаат постојана брзини. Овие тела наизглед се движат со брзина која расте сé до половината на нивната ротација до одреден максимум по што нивната брзината опаѓа на својот минимум. Вавилонците се обиделе да го претстават овој циклус аритметички со тоа што на Месечината ‘и дале фиксна брзина на движење за време на едната половина од нејзиниот циклус, а различна фиксна брзина за другата половина од циклусот. Подоцна тие го усовршиле математичкиот метод со тоа што ја претставиле брзината на Месечината како фактор кој линеарно расте од минимум до максимум за време на првата половина од револуцијата, за потоа да опадне на минимумот до крајот на циклусот. Со овие пресметки на месечевите и сончевите движења Вавилонските набљудувачи на ѕвезди можеле да гопредвидат времето на новата месечина и воедно првиот ден од месецот. На сличен начин биле пресметани и планетарните позиции претставени заедно со нивните ретроградни и вообичаени движења кон исток. Веројатно е дека од оваа цивилизација потекнуваат астрономите кои го измислиле системот на пресметки.

Сподели.