Детални симулации на површината на месечината Европа

0
Научниците направија лабораториска симулација на екстремните усови на течните басени на Европа. Извор: CAB (INTA-CSIC)

Научниците направија лабораториска симулација на екстремните усови на течните басени на Европа. Извор: CAB (INTA-CSIC)

Вода, соли и гасови се наоѓаат во огромниот океан за кој научниците веруваат дека се наоѓа под смрзнатата кора на Јупитеровата месечина Европа. Можни се избивања на површината во вид на млазови кои би предизвикале интересни геолошки појави. Оваа теорија е потврдена преку научен лабораториски експеримент со вода, јаглерод диоксид и магнезиум.

Идејата за течни подземни океани се јавила уште одамна, со податоците добиени од мисиите Војаџер и Галилео каде можеле да се забележат делови со хаотичен терен кој се поврзува со црвеникава материја, спротивно на белината која преовладува од смрзнатата вода низ целата површина. Според информациите може да се претпостави дека овие црвенкасти делови се всушност хидрирани соли, главно магнезиум сулфат, но и соединенија како јаглерод диоксид и хидроген пероксид.

Површината на Европа. Извор: NASA/JPL/University of Arizona/University of Colorado

Површината на Европа. Извор: NASA/JPL/University of Arizona/University of Colorado

Научниците направиле лабораториски симулации со кои се објаснува како овие соединенија избиваат на замрзнатата површина. Тие добиле резултати слични на вулканските процеси на Земјата, но на температури под нулата. При процесот се добиваат три типа на минерали: замрзната вода, цврст јаглерод диоксид и многу хидриран магнезиум сулфат (епсомит, меридианит). Со овие кристализации се ослободува и енергија и се добиваат разни промени на волуменот во површината.

Европа е еден од главните кандидати за живот во рамките на сончевиот систем. Буџетот на НАСА во 2015 година ќе има дел од 15 милиони долари исклучиво за барање на знаци на живот на оваа месечина. Исто така и Европската Вселенска Агенција планира да лансира мисија со која во 2030 година детално ќе се истражи површината на Европа.

Извор: psyc.org

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.