Има големи можности научниците да ја открија првата месечина надвор од Сончевиот систем. Ова се навистина возбудливи новости, но за жал најверојатно нема да има шанса за нова опсервација на објектот и негово официјално прогласување за првата егзомесечина откриена од страна на човекот.
Откритието било направено со телескопи во Нов Зеланд и Тасманија со техниката гравитациски микролеќи која овозможува мерење на масата на поголемите објекти во размер со оние помалите кои орбитираат околу нив. Во случајов, доколку поблискиот објект е планета а не ѕвезда, научниците ќе можат да ја измерат масата на помалиот објект, односно месечината.
Конкретно кај овие две тела научниците се соочуваат со проблем бидејќи поблискиот објект кој со помош на техниката треба да ја засили и означи светлината од помалиот објект не е доволно јасен. Затоа, единственото што успеале да сторат научниците е да го откријат размерот меѓу двата објекти кој е 2000 спрема 1.
Двете теории во врска со идентитетот на објектите се дека станува збор за мала ѕвезда околу која орбитира планета (во тој случај планетата има 18 пати поголема маса од Земјата) или пак, станува збор за планета помасивна од Јупитер и месечина која би тежела помалку од Земјата.
Доколку теоријата за пронаоѓање на првата егзопланета е вистинита, тогаш следува и претпоставката дека оваа планета била исфрлена од својот систем, но успеала да го задржи својот сателит.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: www.iflscience.com