Експертите кои го истражуваат Марс уште од 2011 година знаат за мистериозните, најверојатно водни теченија кои се појавуваат по површината на планетата. Овие појави се наречени recurring slope lineae (RSL), што може да се објасни како линии кои се повторуваат сезонски, периодично и тоа најчесто на кратерски ѕидови.
Истражувачите сеуште не пронашле вода кај овој феномен, а успеале да откријат присуство на железо и железни минарали кои биле поприсутни во овие (RSL) предели. Иако, сеуште нема докази за присуството на водата во овие региони научниците сепак сметаат дека има многу работи кои укажуваат дека овој феномен не би постоел без водата.
И самата потрага по овие теченија била многу комплицирана бидејќи се појавиле на само 13 од вкупно 200 предвидени локации, при тоа со значајни разлики во големината. Ова укажува на постоење на дополнителни непознати фактори при самата формација како водата или сол. Исто така, направени се споредби со снимки од минатите години и заклучокот е дека присуството на RSL варира и низ годините, што може да значи дека водата на Марс е непостојана, односно не може да се најде секоја година и во било кое време.
Извор: phys.org
Превод: Михаела Стојанова