Дали се создава нова месечина околу Сатурн?

0
Касини забележа е објект со дожлина од околу 1200 км во прстенот А околу Сатурн.

Касини забележа е објект со дожлина од околу 1200 км во прстенот А околу Сатурн.

Нови возбудливи новости од Сончевиот систем кои овој пат ни доаѓаат од Сатурн. Научниците открија светол објект кој орбитира на крајот од последниот прстен на оваа планета. Се претпоставува дека станува збор за месечина која штотуку започнала да се раѓа.
Ова е навстина интересен настан бидејќи досега е првиот случај на директно набљудување на раѓање на месечина, која најверојатно ќе ги напушти прстените и ќе се осамостои.

Објектот од замрзнат состав е забележан на фотографиите на Касини уште во 2013та година и има 1200 км во должина и околу 10 км во широчина. Наклонот на месечината се должи на гравитациските влијанија со потекло од досега сеуште недетектиран објект со ширина од околу 1 км, најверојатно друга малецка месечина.

Фотографијата од Касини на Јанус со ширина од179км направена во 2010 година. Извор: NASA/JPL-Caltech/SSI

Фотографијата од Касини на Јанус со ширина од179км направена во 2010 година. Извор: NASA/JPL-Caltech/SSI

Оваа нова месечина неофицијално е наречена Пеги и во иднина се очекува да се зголеми незначително или пак, да се придвижи нанадвор и избега од прстените. Сепак, постои можноста научниците да сведочат на распарчување на веќе постоечки објект, наместо на раѓање на нов. Но, се надеваме дека овие сомнежи целосно ќе исчезнат со дополнителните научни испитувања.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Universe Today

Сподели.