Научниците со докази за постоење на нов вид на материја: Тетракварк

0

Неодамнешната идентификација на честица по која долго се трага обезбедува силни доказа за постоењето на нов вид материја.
Научниците кои работат на LHC во CERN, најсилниот судирач на честици во светот, минатата недела го верифицираа постоењето на честица наречена Z(4430). Претходно, физичарите имаа предвидено дека таква чецтица можное да постои но сеуште не била набљудувана.

Откритието на секоја нова честица е важен чекор за научниците, но Z(4430) е гледана со посебна значителност – таа е доказ за постоење на нов вид на материја наречен тетракварк.

Кварковите се едни од нај основните градбени блокови на материјата. Комбинација од различни видови на кваркови продуцира протони и неутрони. Како и да е кварковите вообичаено се сврзуваат меѓу себе во групи по две или три, научниците имаат теоретски предвидено дека четири кваркови може да се групираат меѓу себе за да формираат различен вид на материја – тетракваркот.
Откритието има посебна значајност за разбирањето на неутронските ѕвезди, според списанието Universe Today:

Со постоењето на тетракваркот, возможно е неутроните во јадрото да заемнодејствуваат многу јако и да создадат тетракваркови. Ова може дури и да води до продуцирање на пентакваркови и хексакваркови, или дури до кваркови кои индивидуално можат да заемнодејсвуваат без да бидат врзани во обоени природни честици. Ова би овозможило создавање на хипотетички објект наречен кваркова ѕвезда.

Извор: mashable.com

Превод: Марко Шунтов

Сподели.