Кјуриосити ја разоткрива мистериозната светлина на Марс

0
Извор: NASA/JPL-Caltech

Извор: NASA/JPL-Caltech

Неодамна на снимките од роверот Кјуриосити се појави мистериозна светлина на површината на Марс и очекувано, настанот предизвика бурни реакции и создавање на многубројни теории во врска со нејзиното потекло.

Областа каде се појавувала светлината на фотографиите од 2 и 3ти Април, а била видлива само со десното око на камерата на роверот. Извор: JPL-Caltech

Областа каде се појавувала светлината на фотографиите од 2 и 3ти Април, а била видлива само со десното око на камерата на роверот. Извор: JPL-Caltech

 На фотографиите направени со левата камера не се забележува светлината. Извор: NASA/JPL-Caltech

На фотографиите направени со левата камера не се забележува светлината. Извор: NASA/JPL-Caltech

Од НАСА сеуште немаат официјален и конечен одговор за тоа што ја предизвикало појавата на оваа светлина на фотографиите од Кјуриосити. Но, се смета дека најверојатно станува збор за космички зраци кои поминале преку некој процеп во десниот дел од камерата и затоа се појавуваат на фотографиите. Другото логично објаснување вели дека светлината е всушност рефлексија од некој камен и по некоја случајност е зафатена од вистинскиот агол само во десното око и затоа се појавува само на една од камерите.

Секако дека овие претпоставки не ја задоволуваат целата јавност, па така на многу интернет портали се појавуваат теории за НЛО, вонземјани кои живеат под повржината итн.

Научниците сметаат дека појавата на оваа светлина не е доволна причина за роверот да ја паузира планираната мисија и да посвети повеќе време на дополнителни истражувања.

Извор: www.iflscience.com

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.