Венера под закана на експлозии поголеми од самата планета

0

20140410_nasaresearch

Неодамна беше откриено дека нормалниот и чест феномен, соларниот ветер има многу посериозни последици кај Венера, отколку врз крајните слоеви на магнетното поле на Земја кое може да го рефлектира и пренасочи ветрот назад кон Сонцето. Овие аномалиите на Венера се поголеми дури и од самата планета и неретко се случуваат по неколку пати на ден.

Фактот што самите експлозии се џиновски и отсуството на заштитно магнетно поле се сериозни фактори кои го доведуваат до прашање опстанокот на Венера.

Интересно е да се помисли што поточно и кога се случил клучниот момент за, на наша среќа Земјата да стане сосема спротивно, поволно место за живот во споредба со пеколната Венера.

Единствената заштита која оваа планета ја има од соларните ветрови е наелектризираниот горен слој од нејзината атмосфера (јоносферата). Но, поради големината на овие врели аномалии балансот брзо и лесно се нарушува. Па така, е многу веројатно да се случат драматични пореметувања на планетарно ниво, со можност за вшмукување и поместување на јоносферата од површината на Венера.

Извор: psys.org

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.