По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца во изминатите 6 години, и годинава повторно ќе се обидеме да им ја приближиме астрономијата на децата на возраст од 6 до 12 години.
Курсот ќе започне на 05.05.2024 (понеделник) и ќе опфати 8 предавања (секој понеделник и среда), работилници и доделување на дипломи. Курсот ќе се одвива во простории на ФЕИТ (училна 122), со исклучок на посета на Планетариум и гледање низ телескоп. Предавањата се со почеток во 17:45 со времетраење од 50 минути. Во случај на поголема заинтересираност, ќе се организира втора група со почеток од 18:45.
Распоред на предавања:
- Моделирање на Сончев систем
- Набљудување на Сонцето и Месечината (надворешна активност)
- Прошетка низ Сончев систем (надворешна активност)
- Посета на Планетариум при МКЦ
- Моделирање на Месечината, астероиди и комети
- Ѕвезди и совездија
- Галаксии
- Доделување на дипломи
Цената на курсот е 3000 денари и во неа се вклучени: посета на Планетариум, учество во интерактивни предавања, комплет опрема за сите експерименти и активности и подарок од Скопско Астрономско Друштво. Плаќањето е во готово пред почетокот на првото предавање.
За пријава, ве молиме пополнете го формуларот на следниот линк.
Напомена:
- Бројот на учесници е ограничен и поради тоа ќе важи принцип на прв/а пријавен/а, прв/а запишан/а. Пријавувањето трае до 04.05.2025.
- Запишаните ќе добијат потврда од Скопско астрономско друштво и дополнителни информации по пријавувањето.
- За распоредот на групите ќе бидете известени непосредно пред почетокот на курсот. Ќе ви се јавиме по телефон и ќе ве известиме за наважните детали околу курсот
Доколку ви се потребни дополнителни информации, пишете ни на kontaktastronomija@gmail.com или јавете се на телефон: 076/439-027 (Радан, после 12ч).