Во 2011 г. астрономите изјавија дека во нашата галаксија најверојатно има еден куп млади планети кои лутаат без свој планетарен систем. Овие осамени светови, според некои студии го надминуваат и бројот на ѕвезди во Млечен пат. Очекувано, следува прашањето за нивното потекло и начин на настанување. Дали се последица на некои настани поради кои биле исфрлени од нивните системи или пак станува збор за т.н. ѕвезди со недоволна маса, односно кафеави џуџиња кои си се формирале самостојно како што тоа го прават ѕвездите?
Новото истражување ни дава дополнителни информации за овие сеуште неразјаснети мистерии.
Откриена е самостојна планета, односно објект со маса за планета кој е дел од фамилија од ѕвезди (именувана како Асоцијацијата ТВ Хидрае). Според проценките неговата маса е од пет до десет пати поголема од јупитеровата.
Објектот или WISEA 1147 е еден од ретките лутачки светови за кои астрономите можат со поголема сигурност да претпостават дека се формирало како кафеаво џуџе, а не планета. Според неговата локација во системот ѕвезди може да се претпостави и староста. Станува збор за многу млад објект од околу десет милиони години. Знаеме дека на планетите им се потребни повеќе години за да се формираат, а со тоа и уште повеќе за да бидат исфрлени од системот. Токму затоа, се верува дека станува збор за кафеаво џуџе. Но, навистина е тешко точно да се утврди дали станува збор за кафеаво џуџе или планета која била исфрлена како за овој, така и за сите останати примероци.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: phys.org