Последното откритие на мисијата Зора (Dawn) е 5-6 км високиот врв забележан на Церера. Врвот има форма на пирамида, иако изгледа малку накривено. Од друга страна пак, белата точка која ги заинтригира сите, забележана за првпат од Хабл во 2003 година, излезе дека е само најголемата од голем број други светли точки – во моментов се избројани 8.
Во моментов Зора орбитира на висина од 4300 км и иако е доволно близу за детално да ја разгледува површината, сепак не може да се утврди точната висина на врвот, особено кога Сонцето со својата поставеност ги намалува сенките. Сепак, пирамидата отскокнува затоа што се наоѓа во релативно рамниот дел на џуџестата планета.
Високите врвови полесно се создаваат на тела кои имаат помала гравитација. Иако овие високи врвови не се ништо необично за Земјата, мора да се напомене дека Церера има радиус 10 пати помал од Земјата и затоа висината на врвот е восхитувачка – тој веројатно е повисок и од планината Килиманџаро.
Досега не се забележани знаци на вода на површината на Церера какви што Зора забележа на Веста, но повеќе сознанија се очекуваат кога леталото ќе ѝ се доближи на помало растојание.
Во прилог, една анимација на НАСА, направена од фотографии од претходните малку подалечни орбитирања на Зора.
Превод: Дарко Рафаиловски
Извор: IFL Science