Општата теорија на релативноста е една од најголемите идеи во историјата на човештвото. Релативноста и квантната механика се темел на модерната физика и наоѓаат практична примена од телекомуникациите, па до компјутерите и паметните телефони.
За жал, релативноста и квантната механика не се согласуваат баш најдобро. Од таа причина теоретските физичари се во потрага по теорија која може да ги обедини: теоријата за сè. За да го направат тоа, тие ги тестираат двете теории до нивните крајни граници, во потрага по моментот кога нивните основни закони ќе бидат скршени, а сега и едно ново истражување покажа многу интересно нарушување на општата релативност.
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ и Универзитетот Квин Мери разгледаа интересно сценарио кај општата релативност и открија дека таа всушност се распаѓа. Тие користеле суперкомпјутер за да моделираат пет-димензионален прстен во облик на црна дупка и откриле дека црната дупка се развива во еден разголен сингуларитет што ја нарушува релативноста. Наодите се објавени во научно списание (Physics Review Letters).
Сингуларитети, како што се црните дупки се објекти со бесконечна густина, и во согласност со законите на физиката, дозволено им е да постојат само ако се опкружени со хоризонтот на настани, површина која ги одделува од остатокот од универзумот. Математички, не може да има “гол” сингуларитет (кој би постоел надвор од хоризонтот на настани) во нашиот четири-димензионален универзум. Ова е во потполност познато како космичка цензурирана претпоставка.
“Се додека сингуларитетите остануваат скриени зад хоризонтот на настани, тие не предизвикуваат проблеми и општата релативност е издржана, “космичката цензурирана претпоставка” вели дека ова е секогаш случај” во една своја изјава го кажа ко-авторот Маркус Кунеш, докторант на студиите на Катедрата за Применета Математика и Теоретска физика од Кембриџ (DAMTP – Department of Applied Mathematics and Theoretical Physics).
“Се додека космичката цензурирана претпоставка е валидна, можеме безбедно да ја предвидиме иднината надвор од црните дупки. Затоа што во крајна линија, тоа што ние се обидуваме да го направи во физиката е да ја предвидиме иднината со дадените знаења за состојбата на универзумот сега.”
Прстенеста црна дупка видена во три димензии. Пау Фигуерас, Маркус Кунеш и Саран Тунијасувунакол
Космичката цензурирана претпоставка се верува дека се држи за нашиот универзум, но резултатите прашуваат што е толку посебно во врска со универзумот со три димензионален простор и временска димензија. Исто така, можната теорија на сè, како квантната гравитација и теориите на низи бара дури 11 димензии, така што е важно да се истражуваат границите на нашите сегашни теории. Во ова сценарио, петтата димензија е случајна дополнителна димензија во вселената.
“Колку сме подобри во симулирањето на теоријата на гравитацијата на Ајнштајн во повисоките димензии, толку полесно ќе биде за нас да ги унапредиме новите аналитички техники – ги туркаме границите на она што може да се направи на компјутер, кога станува збор за теоријата на Ајнштајн ” рече ко-авторот Саран Тунијасувунакол. “Но, ако космичката цензура не држи кога се повисоки димензии во прашање, тогаш можеби треба да погледнеме во она што е толку посебно во врската со четири-димензионалната вселена која ние ја познаваме.”
Превод: Боро Костевски
Извор: IFLS