Прва радио емисија во Македонија – Астросфера

0

Започнувајќи од денес, 17.11.2014, па секој втор понеделник во 19 часот на брановите на интернет радиото – Радио МОФ ќе оди првата радио емисија посветена на астрономијата – Астросфера.

Астросфера

Лого на емисијата Астросфера

Емисијата ќе биде посветена на астрономијата и сродните науки. Во секоја емисија ќе може да чуете најразновидни теми од областа на астрономијата во кои преку разговор ќе ви ги приближиме интересните и најинтересните теми. Водители на емисијата се вљубениците во астрономијата, Елена Грнчаревска и Јован Пoповски, а како стручни помагачи се двајцата наши членови – Мартин Стојановски и Филип Парталовски. Се разбира, во некоја од емисиите ќе бидат гости и други членови на Скопското астрономско друштво.

Со оваа емисија се надеваме дека ќе ги збогатиме медиумите со уште едно интересно астрономско катче од кое слушателите ќе има што да слушнат и научат.

Првата емисија што ќе се емитува денес ќе биде посветена на историјата на астрономијата во Македонија, астрономски друштва во Македонија како и за Скопското астрономско друштво.

Може да нè контактирате на некој од следните социјални мрежи:

http://astrosferamk.blogspot.com/ – Блог
https://www.facebook.com/astrosfera.mk – Facebook
https://twitter.com/astrosferamk – Twitter

Се надеваме дека ќе нè слушате.

Сподели.