На оваа илустрација се прикажани трите чекори кои астрономите ги користат за да ја измерат стапката на ширење на Универзумот (Хаблова константа) со неверојатна точност, намалувајќи ја вкупната несигурност до 2,3 проценти. Мерките ја надополнуваат и зајакнуваат градбата на скалата на космичките растојанија, која се користи за мерење на точната оддалеченост помеѓу галаксиите кои се блиски, како и оние кои се многу оддалечени од Земјата. Најновото истражување на Хабл го проширува бројот на Цефеиди – променливи ѕвезди кои се користат за анализирање на растојанијата во нашата галаксија до десетпати поголеми од претходните резултати добиени со помош на Хабл. Заслуги: : NASA, ESA, A. Feild (STScI), and A. Riess (STScI/JHU)
02.04.2018 P1 Hubble Cepheids
0
Сподели.