Двете фотографии направени од телескопот Хабл на NASA/ESA откриваат два астероиди со особини на комета кои орбитираат еден околу друг. Ова вклучува светло материјално хало наречено кома и долг опаш од прашина. Парот од астероиди, наречен 288P, е набљудуван во септември 2016, пред астероидите да се доближат најмногу до Сонцето. Овие слики даваат назнаки на активност во бинарниот систем. Привидното движење на опашката е проекција предизвикана од позицијата на Земјата во однос на Сонцето и 288P, која се променува помеѓу набљудувањата. Ориентацијата на опашката е исто така под влијание на промената на големината на честичките. На почетокот на набљудувањето, во јули, опашката покажуваше споредлива разлика на големина на честичките (околу 1 милиметар). Меѓутоа, од 20-ти септември 2016 па натаму, опашката почна да покажува кон спротивната насока од Сонцето, каде што мали честички (околу 1 микрон) се разнесени од јадрото од притисокот на радијацијата. Заслуги: NASA, ESA, and J. Agarwal (Max Planck Institute for Solar System Research)
23.12.2017 P2 288P Hubble
0
Сподели.