Зошто некои авиони оставаат траги на небото?

0

Како што летаат, некои авиони оставаат траги од нешто што изгледа на чад. Но не се грижете, овие траги се воглавно кондензација – оттука името „кондензациски траги“. Како што согорува, моторот исфрла голема количина на вода и некои аеросоли во воздухот. Контрагите (Contrails) (кондензациските траги) се создаваат кога водената пареа се кондензира и замрзнува околу мали честички исфрлени од ауспухот. И честичките и водата се одговорни за создавањето на контрагите.

kon 1

Заслуги: Викимедија

Иако некои од елементите во гасот не придонесуваат кон создавањето на контрагите, истите сеуште се сметаат за загадувачи. Обично емисиите на авионот се составени од, меѓу другото, јаглерод диоксид, водена пареа, азотни оксиди (NOx), јаглерод моноксид, јаглени хидрати како метан, сулфати (SOx), и честички од саѓи и метал.

Авионите како Боинг 747 исфрлаат огромни количини на вода, околу 2,75 килограми на секунда.

Видови на контраги

Контрагите се многу слични во нивниот состав, но значително се разликуваат во нивното времетраење. Времето (се мисли на временските услови), директно влијае врз времетраењето на една контрага. Контрагите обично се распоредуваат во три категории: краткотрајни, долготрајни нераширувачки и долготрајни раширувачки.

Краткотрајните контраги се налик на кратки бели линии кои го следат авионот. Како што назначува името, трагите траат само неколку минути пред да исчезнат со истата брзина со која биле создадени. Воздухот низ кој авионот патува е малку влажен и има само малку водена пареа. Сите создадени честички од мраз набргу повторно се претвораат во пареа.

kon 2

Заслуги: НАСА

Долготрајните нераширувачки контраги се многу подолги бели линии кои се видливи долго откако авионот заминува. Воздухот низ кој авионот патува е прилично влажен и има многу водена пареа со која може да се создаде трага.

kon3

Заслуги: НАСА

Долготрајните нераширувачки контраги се слични на нераширувачките, но се шират подалеку заради турбуленции или други временски состојби. Нивната голема плоштина и долготрајност ги прават највлијателни врз климата.

kon4

Заслуги: НАСА

Братучедите на контрагите личат на контраги, но малку се разликуваат во физичкиот процес на создавање. Едни од најчестите братучеди на контрагите се парните траги кои се издолжуваат од крилата на авионот, обично при полетување или слетување. Ако времето е погодно и ако притисокот на вртлогот на врвот на крилото спадне доволно се формира трага. Во поволни услови во вртлогот се создаваат капки од течна вода, што ја прави трагата видлива. Овие траги испаруваат брзо по нивното создавање.

Дали се опасни?

Вообичаените контраги позади авиони не се опасни. Тие се воглавно составени од чиста вода. Авионското гориво е исто така добро рафинирано за да се отстранат што е можно повеќе загадувачи. Во моторот, голема количина на гас мора брзо да помине низ согорната комора за да продолжи да ја врти турбината. Горивото поминува низ мали цевки во моторот со литри во секунда. Најмалите несовршености можат да донесат до запушување кое може да биде смртоносно.

Поправање на мотор е прескапо, чинејќи милиони долари. Авиокомпаниите внимаваат горивото кое се користи во авионите да биде со највисок квалитет. При секое ново полнење, времето, местото, и количината на гориво се запишуваат за да се најде изворот на инаку малку веројатна несреќа.

Хемиски траги

Хемиските траги (Chemtrails) станаа популарни во јавниот видик откако извештај од 52 страни беше предаден на воздухопловните сили. Извештајот ја испитува можноста да се променат временските погоди, како засилување. Операциските можности се поделени на две: ослабување на непријателските сили и засилување на пријателските. Планот вклучува засилување на бури и поплави со цел да се оштетат комуникациски линии и да се предизвикаат масовни суши. Пријателските сили треба да бидат скриени во магла при подобрување на времето во погорната атмосфера за да добијат подобра сателитска врска.

Дали успеало?

Накратко, не баш. Сепак, некои земји имаат преземено иницијатива да го контролираат времето. Иако целосна контрола врз времето сеуште е невозможна, научниците успеаја да променат еден аспект: врнежите. Во 1940тите, Ирвинг Лангмуир и неговиот асистент Винсент Џозеф Шејфер за првпат создадоа вештачки дожд.

Додека истражувал смрзнување на крила на 13 ноември 1946, Шејфер истурил вреќа сув мраз тешка неколку килограми од авион во суперсмрзнат облак. Потоа прелетал под облакот и бил шокиран од снегот кој паѓал од небото. Додека снегот стигнал до Лангмуир на земјата, истиот се претворил во дожд.

Науката

Појавата била наречена садење на облаци. Тоа е процесот на вештачка промена на времето за да се создаде врнеж. Како што сувиот мраз паѓа низ облакот, водената пареа која го следи се кондензира во дожд. Дождовните капки продолжуваат да растат се додека облакот во кој се наоѓаат не може да го носи и ги истура.

Други стратегии вклучуваат прскање честички во воздухот за да ја фатат и соберат влагата. Честички од прашина, чад или морска сол се истураат во областа за да се предизвика врнеж. За да се предизвика пареата да падне од гасовита форма може да се искористи и сребро јодид.

Двете стратегии се користат и до ден денес за да се влијае врз некои временски состојби. Но овој процес се користи само во области со големи суши и загадување.

Дали хемиските траги се лоши?

Повеќето „хемиски траги“ во небото се контраги. Повеќето од трагата е само водена пареа и не предизвикува никаква штета. Но некои контраги апсорбираат многу топлинска енергија од сонцето, со тоа придонесувајќи кон глобалното затоплување.

Но авионите се дизајнирани да бидат поефикасни во нивната потрошувачка од било кога. Сега некои авиони се поефикасни и од нови автомобили. Иако постојат некои региони каде што садењето облаци е потребно, поголемиот дел од светот е непогоден од материјата исфрлена од моторот. Авионите не шират хемикалии во воздухот. Леталата за временски промени се посебен оддел кој менува специфични региони околу Земјата. И покрај малкуте летала кои се користат на фармите, повеќето летала немаат никакво влијание врз времето, со што можете да се осигурате дека авионите не се единствените виновници за воздушната загаденост.

Превод: Јоаким Јаковлески

interestingengineering.com

Сподели.