Збунет кратер на Меркур изгледа замрзнато, но може да биде доказ за испарување

0
20140410_EW1025622939G.3band.mapped.web_2

Заслуги: NASA/Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory/Carnegie Institution of Washington

На прв поглед, би помислиле дека белото нешто на дното на кратерот е мраз, особено бидејќи супстанцата беше потврдена на нејзината матична планета – Меркур. Оваа нова слика, од кратерот со дијаметар 19 милји (31 километар) во Калорис сливот покажува нерегуларна дисперзија, или шуплини, кои се исткнуваат на сликата со засилени бои од леталото MESSENGER на NASA.

„Светлиот материјал на дното на Kertész кратерот не е мраз кој што беше потврден на половите на Меркур пред некое време, но би можел да се однесува како што би се однесувал мраз на друга планета“ напиша NASA во 2012.

„Меркуровите дневни температури се толку високи, што повеќе видови карпи кои би биле стабилни на други планети би можеле да испарат на Меркур. Тоа е една теорија на создавањето на овие светли, нерегуларни објекти, познати како шуплини, на овој и на многу други кратери на Меркур.”

Има уште многу за учење, па научниците се веројатно благодарни што MESSENGER работи повеќе од што беше предвидено. Беше предвидено дека неговата функционалност ќе заврши во 2011, но мисијата се продолжи за да се видам ефектите на сончевиот максимум на најблиската планета до Сонцето.

Извор: Universe Today

Превод: Андреј Симески

Сподели.