Започна 18-от воведен курс по астрономија

0

Во четвртокот, на 2-ри април, започна 18-от Воведен курс по астрономија, кој последователно се одвива со години наназад, во организација на Скопско астрономско друштво. Интересот на граѓаните беше навистина огромен, со повеќе од 100 посетители, што само уште повеќе ја покажува потребата од астрономијата во образованието и секојдневниот живот. Курсот го отворивме со предавањето на тема „Сонце“, во кое се говореше за нашата најблиска ѕвезда. Според статистиката, можеме да кажеме дека оваа година на курсот имаме повеќе девојки отколку момчиња, а најмладиот посетител има 11 години, додека најстариот има 59 години.

Започна 18-от воведен курс по астрономија

Посетеноста во амфитеатарот на ФЕИТ

Сите заинтересирани може да дојдат и да почнат да го следат курсот и од второто предавање кое ќе се одржи во вторник во 20 часот во амфитеатарот на ФЕИТ (електро) факултетот во Скопје. За тие што би дошле по првпат, гледајте да бидете таму 15-тина минути пред 20 часот, со цел да може навреме да се заврши со процедурата за пријавување. Повеќе околу курсот може да прочитате на следниот линк.

Сподели.