Загатката за чудниот објект во центарот на нашата галаксија е решена

0
Загатката за чудниот објект во центарот на нашата галаксија е решена

Телескопите од опсерваторијата Кек, Хаваи, користат технологија наречена адаптивна оптика која овозможи ACLA астрономите да пронајдат дека G2 претставува пар од бинарни ѕвезди кои се споиле и останале опколени од гас и прашина. Заслуги: Итан Твиди

Со години, астрономите останаа збунети од бизарен објект во центарот на нашиот Млечен пат, за кој се мислеше дека претставува водороден гасовит облак кој е насочен кон супермасивната црна дупка на нашата галаксија.

Изучувајќи го за време на неговото најблиско приблужување кон црната дупка, астрономите од UCLA се уверени дека дека ја решиле загатката поврзана со популарниот објект познат како G2.

Тим воден од Андреа Гез, професорка по физика и астрономија во UCLA колеџот, утврди дека G2 најверојатно претставува пар од бинарни ѕвезди кои орбитирале околу црната дупка во тандем и подоцна двете се споиле во една ектремно голема ѕвезда, обвиткана од гас и прашина—нејзините движења кореографирани од страна на моќното гравитациско поле на црната дупка.

Астрономите осознале дека доколку G2 претставувал водороден облак, тогаш тој ќе бил растргнат од страна на црната дупка и хипотетичкиот резултирачки небесен огномет драматично би ја сменил состојбата на црната дупка.

„Сепак, G2 преживеал и продолжил по својата орбита, додека некој обичен гас не би можел да го стори тоа,“ вели Гез. „G2 во принцип остана недопрена од ефектите на црната дупка. Немало никаков огномет.“

Слика од опсерваторијата Кек во блискиот инфрацрвен појас ни покажува дека G2 го преживеал најблиското приближување до црната дупка и среќно продолжува по својата орбита. Зелениот круг од дестана страна ја претставува локацијата за невидливата супермасивна црна дупка. Заслуги: ANDREA GHEZ, GUNTHER WITZEL/UCLA GALACTIC CENTER GROUP/W. M. KECK OBSERVATORY

Црните дупки, кои се создаваат од колабирана материја, имаат толку висока густина, што не постои такво нешто кое би можело да избега од нивната гравитациска привлечна моќ – дури ни светлината. Тие не можат директно да бидат забележани, но нивното влијание врз околните ѕвезди е видливо и остава трага, вели Гез. Гез, која изучува илјадници ѕвезди во соседството на супермасивната црна дупка, вели дека G2 може да претставува само една од многуте ѕвезди кои се појавуваат во близината на супермасивната црна дупка, кои се создаваат како резултат на силната гравитација на самата црна дупка која ги судира ѕвездите од бинарните системи во една голема ѕвезда. Таа дополнително додава дека во нашата галаксија масивните ѕвезди првично доаѓаат во парови, како и дека ѕвездата претрпела само мало триење кај надворешниот слој, но освен тоа со неа сè е во ред.

Гез и нејзините колеги го спровеле своето истражување во опсерваторијата Кек, во која се наоѓаат двата најголеми оптички инфрацрвени телескопи.

„Кога две ѕвезди во близина на црна дупка се спојуваат во една, таа ѕвезда се проширува во период поголем од 1 милион години пред да се стабилизра,“ кажува Гез. „Ова би можело да се случува почесто отколку што мислиме. Ѕвездите во центарот на галаксијата се масивни и најчесто бинарни. Возможно е дека всушност многу од ѕвездите кои досега сме ги набљудувале се всушност резултат на претходно спојување, а кои сега се имаат стабилизирано. “

Гез и нејзините колеги дополнително одредиле дека G2 во моментов изгледа како да се наоѓа во фазата на дуење. Ова тело фасцинираше многу од астрономите во изминатиот период, поконкретно во периодот во приближувањето до црната дупка. „Тоа беше еден од најгледаните настани во астрономијата за време на мојата кариера,“ вели Гез.

Гез тврди дека G2 сега подлегнува на ефектот наречен „шпагетизација“ – познат феномен во близината на црни дупки, каде големите објекти се издолжуваат. Во исто време, гасот на површината на G2 станува загреан од околните ѕвезди, пришто се создава огромен облак од гас и прашина кој го има заобиколено поголемиот дел од масивната ѕвезда.

Вицел, колега во тимот, вели дека истражувачите немаше да дојдат до нивните заклучоци без напредната технологија на Кек. „Тоа претставува резултат кој својата прецизност ја добива заради овие 10-метарски телескопи во опсерваторијата Кек и нивното совршено функционирање,“ кажува Вицел.

Телескопите користат адаптирана оптика, која претставува моќна технологија која делумно е создадена од Гез и ја поправа дисторзијата која се добива од ефектот на Земјената атмосфера, со цел појасно да се прикаже просторот околу супермасивната црна дупка. Оваа техника им помогнала на Гез и нејзините колеги во разјаснувањето на многу од претходно необјаснетите аспекти поврзани со средината околу супермасивната црна дупка. „Забележуваме феномени поврзани со црните дупки кои не можат да бидат забележани на друго место во Универзумот. Почнуваме да ја разбираме физиката на црните дупки на начин кој досега не беше возможен,“ заклучува Гез.

Превод: Бојан Андоновски

Извор: Phys

Сподели.