Забележан редок пример: во Универзумот „паѓа“ снег?

0

Астрономите од Универзитетот Диего Порталес (Diego Portales) од Чиле забележале мешавина од мраз, вода и снег во прстените од прашина и гас кои опкружуваат млада ѕвезда. Научниците сметаат дека ова може да претставува клучен дел во формирање на планетите.

Младите ѕвезди во Универзумот често се опкружени со прстени од прашина и гас кои се простираат милијарди километри од ѕвездите и од кои подоцна настануваат планетите.

Топлината од ѕвездите предизвикува целата вода во нивна близина да се претвори во гас, но истиот тој гас на одредена оддалеченост се претвора во мраз поради нискиот притисок.

Забележан редок пример: во Универзумот „паѓа“ снег?

Ѕвездата V883 Orionis и нејзиниот диск од гас, прашина и остатоци. Водено снежната линија е видлива како прстен околу дискот (© ALMA (ESO / NAOJ / NRAO) / L. Cieza)

Местото на коешто се одвива оваа промена се вика водено-снежна линија, а астронаутите неодамна првпат ја забележале на фотографија.

Научниците претпоставуваат дека всушност овде, каде што водата испарува, се формираат мали карпести планети налик на нашата планета.

Од надворешна страна на оваа граница, присуството на мраз овозможува создавање на огромни грутки снег од кои со текот на времето настануваат масивни гасовити планети како Јупитер.

Протопланетарниот диск обично не може да се види со телескоп, но ширината на дискот на неодамна пронајдена необична ѕвезда наречена V883 Orionis иснезува 40 астрономски единици, односно 40 пати повеќе од оддалеченоста на Земјата од Сонцето.

Тоа значи дека дискот е широк 6 милијарди километри, што е отприлика еднакво оддалечен како Плутон од Сонцето.

Земајќи предвид дека сјајот на ѕвездата V883 Orionis е слаб, а прстенот прилично широк, научниците имале прилика да го видат водено-снежниот фронт.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Znanost

Сподели.