Воведен курс по астрономија

0

По 19-ти пат Скопско астрономско друштво организира „Воведен курс по астрономија“. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука. Астрономските термини и објекти ќе ги претставиме преку секојдневни примери, многу слики, анимации, неколку важни равенки и секако, набљудувања со телескопи.

12030498_1104233959608004_3926564561851898862_oПредавањата ќе се одржуваат два пати неделно – вторник и четврток, во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) со почеток од 20:00 часот.

Курсот ќе започне на 31.03.2016 (четврток). Предвидени се 10 термини, од кои два во Планетариумот при Младинскиот Културен Центар во Скопје. Предавањата ќе завршат на 03.05.2016, по што следи опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за учесниците.

Цената за целокупниот курс е 1500 денари. Во цената се вклучени:

  • Скрипта со материјали од курсот;
  • Посета на Планетариумот;
  • Теренско набљудување со телескопи;
  • Завршен тест;
  • Диплома.

PRIJAVA

Важно:

  • Курсот не го препорачуваме за деца под 12 години;
  • Бројот на можни посетители на курсот е ограничен! Сите заинтересирани потребно е да се пријават на следниот формулар: http://goo.gl/forms/bdjTz09NPy
  • Пријавувањето трае до 29-ти март.

За студентите на ФЕИТ (со приложен индекс или студентска легитимација) и членовите на Скопско астрономско друштво цената на курсот е 1000 ден.

За повеќе информации пишете нѝ на kontakt@astronomija.com.mk или јавете се на 076/439027.

 

Благодарност до Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ за поддршката.

Сподели.