Вештачки гравитациски полиња се возможни со денешната технологија

0

Има само неколку научно-фантастични филмови кој вистински покажуваат како би изгледало движењето низ вселенски брод. Во повеќето случаи користат некој вид на вештачка гравитација кога никогаш не е целосно објаснета.

Професорот Андре Фузфа од Универзитетот во Намур, Белгија, мисли дека ја имаме технологијата да создадеме и манипулираме со слаби вештачки гравитациски полиња. Фузфа пресметал дека со многу силни магнети возможно е да се создадат мали пореметувања во простор-времето.

Иако мали ефектот би требало да биде доволно силен да се детектира со сегашните инструменти (но би бил релевантен само за честички). Сонот за имање вештачка гравитација на вселенски брод е сè уште во далечната иднина, но можноста за создавање гравитациски полиња ќе го помести полето на истражување на гравитацијата од пасивна во активна наука.

Теоријата на Фузфа се базира на принципот на еквиваленција. Принципот вели дека силата искусена од набљудувач во гравитациско поле е еквивалентна на силата искусена од друг набљудувач во неинерциско поле. Ова значи дека ако се наоѓаме во соба без прозорци, не би можеле да знеме дали се наоѓаме во гравитациско поле или собата е забрзана во насока на таванот.

Принципот на еквиваленција ни вели дека секоја маса и тип на енергија се влијаени од, и создаваат гравитација, со што би можело да создадеме гравитациски полиња користејки јаки магнетни полиња. Фузфа ја искористил Ајнштајновата равенка за општа релативност околу моќен извртен електромагнет и резултатите укажуваат на мал, но важен ефект.

Иако овој експеримент е можен, потребна е голема инвестиција. Магнените полиња треба да се создаваат со денови користејки слоеви и слоеви на суперспроводни магнети, а потребни се и софистицирани и осетливи ласерски системи што можат да ги детектираат малите промени во гравитација во магнетите.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.