Универзумот има десет пати повеќе галаксии отколку што досега се мислело

0

Универзумот има околу 2000 милијарди галаксии, односно десет пати повеќе отколку што досега се мислело, сметаат астрономите во објавена студија.

Универзумот има десет пати повеќе галаксии отколку што досега се мислело

Заслуги: Wikimedia

Астрономите досега мислеле дека Универзумот има помеѓу 100 и 200 милијарди галаксии, но сега таа бројка се искчува над 1 или 2 трилиони. Професорот Кристофер Конселајс (Christopher Conselice) од Универзитетот во Нотингем, Велика Британија, долго време работел со својот тим на податоците добиени со помош на телескопот Хабл кој го конструираа НАСА и Европската Вселенска Агенција. Професорот во едно интервју изјавил дека и самиот е изненаден од новата бројка на постоечки галаксии.

Тимот под водство на професорот изработил 3D снимки и дошол до бројот на галаксии со методот на екстраполација. Скоро 90% од галаксиите пронајдени во набљудуваниот Универзум се премногу далеку и премногу слаби за да можат да се видат со најмодерната технологија денес. За да ги анализираат податоците, истражувачите погледнале во минатото, 13 милиони години наназад. Тоа им покажало дека галаксиите не се рамномерно распоредени. Поголемиот број од „новооткриени“ галаксии биле релативно мали и  слаби, како сателитските галаксии кои го опкружуваат нашиот Млечен Пат.

Со постоечките телескопи може да се набљудуваат само 10% од галаксиите.

„Тешко е да се разбере дека имаме да истражиме уште 90% од галаксиите во Универзумот“ – изјавил Конселајс. „Којзнае што ќе откриеме кога би можеле да ги проучуваме со помош на новите генерации телескопи?“ – изјавил тој. Неговото истражување е објавено во „Astrophysical Journal“.

Што значи сега оваа информација?

Извештајот на професорот и неговиот тим може да се искористи како доказ дека еволуцијата се одвива, таква во која галаксиите се комбинираат и се мешаат.

„Ова ни дава потврда на т.н. формирање на top-down (од горе надолу) структура во Универзумот“ – изјавил Конселајс.

Мал број од видливите галаксии објаснуваат зошто небото е темно навечер, односно посочуваат на парадоксот на Олбер. Тимот на Конселајс заклучил дека постојат толку многу галаксии, што теоретски секој дел од небото содржи галаксии. Проблемот е што тие не можат да бидат видени со голо око или со помош на модерната технологија денес.

За споредба на тоа како изгледаат 2 трилиони како количина, Конселајс наведува дека тоа е бројот на секунди во 1000 просечни животи.

Астрономите со помош на новите математички модели заклучиле дека има огромен број на „невидливи“ галаксии кои се вон дофатот на телескопите.

„Оваа работа ќе може да се потврди кога ќе имаме големи телескопи со помош на кои подобро ќе ги гледаме далечните подрачја“ – изјавил Франсоа Амер (François Hammer), астроном во париската опсерваторија и стручњак по прашањето за настанување на галаксиите.

Европската јужна опсерваторија (ESO) во Чиле во моментов го гради Големиот европски телескоп Е-ELT (European Extremely Large Telescope) чиешто примарно огледало ќе биде со дијаметар 39 метри.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Znanost

Сподели.