Тура на јулското небо: Планетите на парада

0

Аудио записот на Sky & Telescope ве водат на тура на ноќното небо. Во раните вечерни набљудувања на Јупитер на југозапад, со Марс и Сатурн во соѕвездието Скорпија кон југ.

За жителите на северната полутопка, јули е период на долги и жешки денови. На 4-ти јули Земјата беше поставена во афел, точка во нејзинта орбита којашто е најоддалечена од Сонцето. На овој датум бевме 1.7% подалеку од просечното.

Во јули можете лесно да ги забележите трите планети кои го красат ноќното небо. Веднаш по заоѓањето на Сонцето побарајте го Јупитер кој силно сјае на југозапад. Ова е посебно време за кралот на планетите, а вселенското летало на НАСА наречено Јунона (Juno) конечно се приближи до Јупитер и влезе во орбитата околку него.

Тура на јулското небо

Гледајте добро кон југ после зајдисонце и ќе ги видите Сатурн и Марс во друштво на карактеристичните ѕвезди на Скорпија Sky & Telescope diagram

Свртете ги очите лево од Јупитер и ќе наидете на ледено белата ѕвезда Спика. Продолжете со погледот кон лево и ќе го видите Марс. Црвената планета е очигледна, иако е само напола светла во однос на тоа каква беше кон крајот на месец мај кога се наоѓаше најблиску до Земјата во последната декада.

Лево од Марс се наоѓаат две светли ѕвезди. Посветлата од нив, на врвот, е планетата Сатурн, а долу се наоѓа ѕвездата наречена Антарес која се смета дека е срцето на соѕвездието Скорпија. Погледнете на пола пат помеѓу Марс и Сатурн – Антарес во комбинација и ќе ги видитe вертикално поставени во ред, три средно светли ѕвезди кои ја отцртуваат главата на  Скорпија.

Ова е само мал дел од големото ѕвездено платно на небото кое ве чека по зајдисонце. За да добиете повеќе информации за следење на наведеното, но и на други точки, симнете го 7-минутниот аудио запис со информации од астрономија.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Sky and Telescope

Сподели.