Стивен Хокинг: Црните дупки можеби и не се така црни како што мислевме

0

Стивен Хокинг (Stephen Hawking) можеби дојде до решение за проблемот кој астрофизичарите ги измачува веќе 40 години. Со децении, научниците расправале што се случило со информациите поврзани со смртта на ѕвездите од кои настанува црната дупка. Познато е дека ништо, дури ни светлината, не може да побегне од црната дупка поради силната гравитација. Квантната механика, меѓутоа вели дека информација не може да биде уништена, додека општата релативност, пак, дека мора да биде уништена. Тоа е парадоксот со губењето на информациите.

Во 70-те години од 20 век. Хокинг истакна дека црните дупки можат да емитираат „фотони без информации“ низ квантни флуктуации – мали пречки во простор-време, но во 2004 г. тој развива нова теорија, според која „изгубената“ информација, сепак, може да побегне од црна дупка.

Според научникот, информациите не се сместени во внатрешноста на црната дупка како што се очекува, туку на границата на хоризонтот на настани. Специфично е тоа дека според него настапува „супер транслација“, што е всушност, холограм од информацијата. Тоа значи дека информацијата може да преживее и да побегне од црната дупка на хоризонтот на настани, границата од која се сметало дека ништо не може да побегне, ако нешто падне во неа.

Клучот од оваа теорија е Хокинговата радијација. Тој смета дека таа делува, така што таа “собира” информација и ја преместува надвор од хоризонтот на случувањата. Но, таквата информација е бескорисна. Оваа информација која влегла во хоризонтот на случувањата може да се врати, но во хаотична и бескорисна форма. Ова го решава парадоксот на губење на информации. Но, за практични потреби оваа информација е изгубена.

Стивен Хокинг: Црните дупки можеби и не се така црни како што мислевме

Хоризонт на настани е границата од која повеќе не може ништо да побегне од гравитацијата на црната дупка, дури ни светлината. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Теоретските физичари од универзитетите Харвард и Кембриџ ќе се сретнат во Стокхолм за да дебатираат за ова откритие, а потоа ќе ги презентираат нивните заклучоци.

Според Хокинг, поуката од овие лекции е дека црните дупки не се црни како што се прикажуваат. Тие не се вечни затвори, туку работите можат да побегнат и од надворешната страна, а можеби и од внатрешната. Ова тврдење го објаснува со примерот: Ако се претпостави дека црната дупка не е доволна голема, и е во ротација, таа може да преминува во паралелен универзум. Но, нема да се вратиме назад во нашата Вселена.

За повеќе информации, може да се види видеото во кое Хокинг ги објавува своите откритија:

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.