Што всушност е планета? Нови дефиниции со решенија за дилемите

0

Официјалната дефиниција за планета е сè уште контроверзна. По прогласувањето на Плутон за џуџеста планета во 2006-та година се крена галама откако Меѓународната астрономска заедница ја смени нивната официјална дефиниција за планета. Наведено беше дека за едно тело да е планета треба да биде сферично, да орбитира околу ѕвезда и да ја има исчистено својата орбита од други отпадоци, што е нешто кое Плутон го нема сторено. Ова е сосема во ред кога го разгледуваме Сончевиот систем, каде телата се доволно близу за да ги проучуваме и нивните орбити. Но, кога сакаме да го примениме и за проучување на далечните егзопланети е небаре бескорисно.

Затоа, еден научник од Универзитетот на Калифорнија, Л.А. развил формула која би функционирала само со податоци кои веќе можеме да ги добиеме лесно за скоро сите егзопланети. Станува збор за масата, должината на орбитата и масата на ѕвездата околу која орбитира потенцијалната планета. Со помош на масата и орбитата може да се пресмета дали едно тело во одредена временска рамка (животот на неговата ѕвезда) ја има исчистено својата орбита. Во нашиот систем ова создава јасно разграничување помеѓу осумте главни планети и џуџестите планети. Научниците велат дека ова ќе функционира и кај 99% од егзопланетите. Исто така, се напоменува дека една планета мора да има помалку од 13 пати од масата на Јупитер бидејќи ова е ограничувачка точка за процесот на термонуклеарна фузија на деутериумот и моментот кога едно тело станува ѕвезда.

Што всушност е планета? Нови дефиниции со решенија за дилемите

Формулата применета кај нашиот систем. Извор: Margot 2015

Во студијата се додава и дека не е неопходно да се напомене дека телото треба да е сферично, бидејќи секако ќе биде такво ако е во можност да ја исчисти својата орбита. Нема официјални информации дали оваа нова формула и класификација ќе биде применета и од Меѓународната Астрономска Унија. Можеби ќе треба да се почека до нивното следно состанување кое е закажано за 2018 година.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.