Што јаде Спајдермен за појадок?

0

Питер Паркер мора да има диета со огромен број на протеини за да ја создаде целата мрежа која ја испушта. Која би била потребната количина на протеини за да може да го одржи својот живот на борба со негативците?

Ова може да се реши со малку физика, математика и основна биохемија. Прво треба да ја одредиме силата на мрежата на Спајдермен, од што ќе го одредиме потребниот протеин за производство.

Да претпоставиме дека мрежата е иста како кај европскиот пајак Araneus diadematus. Ова значи дека има сила на затегнување (максимален напон што еден материјал може да го издржи без кршење) колку жица на пијано што е еднакво на 1.1 милијарда Паскали. Според Марвел, Спајдермен тежи 75 kg. Според ова, силата на гравитацијата која ја искусува е 735 Њутни.

Според овие податоци тој може да виси од таван со мрежа дебела помалку од 1 mm.

Сега треба да го пресметаме волуменот на мрежата која ја поседува ако му е потребно 100 m од неа. 100 m од мрежата би тежеле околу 87 g.

Во јајцата има околу 6 g протеини. Би биле потребни 15 јајца за доручек за да се произведе 100 метри на мрежа. Тоа не е толку многу.

Но, пајаковата мрежа воглавно се состои од протеин наречен фиброин. Протеините се составени од различни аминокиселини, а фиброинот е околу 42% глицин. Едно јајце содржи 10,7% глицин и серин (серинот може лесно да се претвори во глицин), па на Спајдермен би му биле потребни четири пати повеќе јајца за доволно протеини за мрежа. Всушност, му требаат 60 јајца за 100 метри мрежа.

Но, ова не е крајот. Што се случува всушност кога скока од зграда да ја спаси Мери-Џејн, притоа користејки мрежа како во филмот? Во сцената тој скока од балконот и паѓа седум секунди пред неговата мрежа да го сопре падот. Ја има фатено Мери-Џејн, па да претпоставиме дека заедничката тежина им е околу 125 kg. Колку мрежа би му била потребна?

Од времето кога почнува да паѓа може да пресметаме дека паѓа околу 240 m. Освен тоа, да претпоставиме дека мрежата се истегнува до максимум, па тоа би бил пад колку висината на Ајфеловата кула. Силата врз мрежата како што успоруваат би била 35 пати по нивната тежина.

Тоа е шест пати повеќе од тоа кога тој само виси на крајот од својата мрежа. Но, земајќи ја предвид должината на падот од 240 m и екстра силата ќе му бидат потребни 1.3 kg жица да го изведе тоа. Би требало да изеде околу 900 јајца тоа утро само за да има мрежа за таа една сцена. Тетка Меј најверојатно би го забележала.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFLS

Сподели.