Во САД сè уште има луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна

0
Во САД сè уште има луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна

Заслуги: Trekky0623. Мапа од рамна земја со океаните задржани со џиновски ѕид од мраз.

Терминот „Рамни Земјани“ често се користи во метафорична смисла, аналогија за луѓе кои веруваат во слично дискредитирани, но по широко подржани нешта како Креационизам Млада Земја, поврзаности помеѓу вакцини и аутизам или верувањето дека луѓе не ја менуваат климата. Меѓутоа, дури и во ерата на вселенско патување и широко распоредено користење на патувања околу светот, некои луѓе не би можеле да прифатат дека земјата е крива.
Многу така наречени „Друштва на Рамна Земја“ се дизајнирани да предизвикаат наивност или изговор за собирање и пиење или зборување за книги од Тери Прачет.
Оригинално друштво за рамна земја постоеше од 1956 до 2001, со најмногу 3500 членови, притоа издавајќи и низа летоци. Нивната заложеност изгледа е основана на интерпретација од одредени строфи во библијата, и екстремно верување дека се во библијата е вистинито, дури и деловите кои велат дека Сонцето стои мирно.
Скоро, друштвото било „реосновано“, вклучувајќи супстанцијална страница и вики. Како што еден репортер од Вајс открил, тие се среќни да одговараат на аргументи за заобленоста на планетата. Тоа што не е јасно е дали модерните членови навистина веруваат во рамнината на Земјата или се шалат на сечија сметка, вклучувајќи и новинари.
Ако лажат, очигледно немаат намера да се откријат, но има некои нешта кои подигнуваат сомнеж. Како прво, страницата им е впечатливо технолошки софистицирана за луѓе кои ја одбиваат целосно модерната наука. Тие исто така продаваат многу артикли кои може да се причината за која се одржува пантонимата. За крај, погледнете ги тврдењата направени на страницата. Разни модели на рамна Земја и ѕидови од мраз „високи 15-20.000 метри“ кои изгледа никој не ги видел може да се поиндикативни на некои фанови на наука кои се смеат на библиски буквалисти кои имаат тенденција да бидат прилично сигурни за сè.

Сепак, некој кој се обидел да дебатира други форми на одбивачи на наука ќе знае дека е тешко да се разликува сатира од заблуда. Има малку сомнеж, на пример, дека има луѓе кои одржуваат верување дека Сонцето оди околу Земјата или ги гледаат делата на Ајнштајн како либерален заговор. Очигледно некои од овој вид идеи се вцрвуваат во „главен тек“ одбивање на глобално затоплување.
Значи дали е друштвото за рамна Земја искрено? Просудете сами: „Исто така е можно дека НАСА не знае навистина дали Земјата е рамна и од нејзиното зачнување го монтира концептот на вселенско патување, никогаш замарајќи се со или никогаш во можност да од подалеку од работ на атмосферата. Во медиумите на НАСА се мисли дека Земјата е заоблена само бидејќи општата публика верува дека таа е заоблена.“

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFLS

 

Сподели.