“Розета” се подготвува за средба со комета

0

По сонот долг 31 месец и будењето во јануари 2014 г. вселенскиот апарат “Розета” (Rosetta) се подготвува за врвот на својата уникатна мисија – средба со кометата 67П и спуштање на сондата на нејзиното јадро. Ако се одвива се како што треба, тоа ќе биде најубавото одбележување на 50 годишницата од присуството на Европа во вселената.

“Розета” лета кон кометата 67П – Чурјумов – Герасименко, со кои треба да направи три единствени експерименти во ерата на меѓупланетарните мисии. На почетокот ќе следи средба со кометата, со преоѓање на апаратот на орбитата околу неа. Потоа, се планира спуштање на мала сонда на јадрото од кометата. На крај, “Розета” ќе продолжи да лета паралелно со кометата и како прв вселенски апарат за првпат со неа ќе помине околу Сонцето.

Комета 67П (Авторски права © 1995 на Herman Mikuz (Crni Vhr Observatory, Slovenia)

Лансирана пред повеќе од десет години, “Розета” три пати прелета во близина на Земјата и еднаш покрај Марс, со цел да добие дополнително убрзување и подесување на летот без да потроши погонски материјал. Апаратот го носи името на каменот од времето на древниот Египет, на кои биле испишани зборови на три јазици, со што им овозможи на научниците да ги дешифрираат египетските хиероглифи.Овде е и симболиката на името на вселенскиот апарат, кој како и каменот од минатото ќе помогне да се дешифрираат тајните и функционирањето на небесните објекти кои одиграле многу важна улога во еволуцијата на Сончевиот систем, вклучувајќи ја и нашата планета. На орбитерот “Розета”, покрај големиот број научни инструменти и камери, се наоѓа и малата сонда Фила (Philae), која го носи името на островот на реката Нил, каде археолозите ја пронајдоа вредната базалтна карпа.

http://astronomija.co.rs/plugins/content/mavikthumbnails/thumbnails/450×183-images-stories-Astronautika-Rosetta-2014-3-Rosetta.jpg

“Розета”, веќе има направено две блиски средби со астеоридите 2867 Штеинс (септември 2008 г.) и 21 Лутетиа (јули 2010 г.). Бидејќи системите се речиси тешки три тони и се напојувани со електрична енергија само со помош на сончеви панели, кога апаратот стигнал во областа на Сончевиот систем каде нивото на зрачење е недовлно за полнење на неговите батерии, “Розета” ја “успале”.

Ова се случило во јуни 2011 г. и од тогаш апаратот е оставен да крстари низ вселенските длабочини без никаков контакт со Земјата. Во еден момент, апаратот се нашол зад орбитата на Јупитер, речиси 800 милиони км. од Сонцето. Кога апаратот во јануари 2014 г. стигнал на “само” 673 милиони км. од нашата ѕвезда, тоа било доволно сончевите батерии да тргнат кон создавање на електрична енергија. Иако се уште апаратот бил на околу 9 милиони км. од кометата 67П, внатрешниот “аларм” ја разбудил “Розета” и нејзината основна мисија можела да почне. Апаратот ја насочил својата антена кон Земјата и таму ги испратил своите први сигнали. Првите сигнали истовремено ги регистрираа двете приемни антени на НАСА во Голдстоун (Калифорнија) и Камбера (Австралија), преку кои стручњаците во Европскиот центар за вселенски операции (EСОЦ) во Дармштат (Германија) го следат летот на овој апарат.

Почнувајќи од мај 2014 г. апаратот изврши осум ракетни импулси на смалување на релативната брзина на движење во однос на кометата од 775 м/с на 7/9 м/с. Тогаш “Розета” ги испрати првите фотографии од кометата 67П на растојание од околу 2 милиони км. на кои јасно се гледа дека кометите имаат двојно јадро. Во некои процеси во далечното минато дошло очигледно до “мал” судир на две комети, при што дошло до топење на нивните јадра во едно со необичен изглед.

Кон крајот на мај, апаратот ја направи главната корекција на траекторијата на летот, со цел да се подготви за следниот голем настан – средба со комета со помош од два импулси ракетни мотори за само неколку дена, на 6 август. По средбата и преоѓањето на орбита на висина од 200 км. апаратот во текот на два месеци ќе извршува интензивни мапирања на површината од јадрото на кометата. Истовремено, од апаратот ќе се мери гравитациското поле на кометата, нејзината маса, обликот на јадрото, количините на гасовите и “атмосферата” која се создава со комбинација од прашина и гас, која се ослободува од површината на јадрото како што кометата се повеќе се приближува до Сонцето. Апаратот, исто така, ќе ја проучува плазмата на кометата и нејзината интеракција со сончевиот ветер.

Двојното јадро на кометата 67П

Користејќи ги добиените фотографии и податоците од апаратот, научниците ќе го одбираат местото на спуштање на сондата “Фила” со маса од 100 кг. На 11 ноември 2014 г. се планира спуштање со брзина од 1м/с . Тоа ќе биде прв обид на спуштање, направено од човечка рака на површината на јадрото од кометата. Бидејќи дијаметарот на јадрото на кометата 67П е само 4 км. нејзиното гравитациско поле е слабо, сондата ‘Фила” ќе користи некоја врста “крампони” и два “харпуни” за мраз, за да се прицврсти за тлото и со тоа да се спречи одбивање од површината и враќање назад во вселената.

“Розета” ќе испрати на Земјата панорамски фотографии од околината, како фотографии со висока резолуција од површината на местото на спуштање. Планирани се и анализи на составот од мразот и на органските материи на неколку точки околу лендерот. Потоа, роботот треба да изврши бушење на тлото до длабочина од 23 см., да собере примероци под површината и нивна анализа во минијатурна лабораторија.

лендерот „Фила“

лендерот „Фила“

Летајќи заедно со апаратот “Розета” на нејзината површина и со сондата “Фила” прицврстена за површината на јадрото, кометата 67П ќе дојде во најблиската точка во однос на Сонцето на 13 август 2015 г. Растојанието на кометата од Сонцето ќе изнесува 185 милиони км. што е некаде на половина пат помеѓу орбитата на Земјата и Марс. Од таа точка, кометата ќе почне да се оддалечува од Сонцето. Научниците се надеваат дека “Розета” ќе ги преживее гасовите и прашината која ќе се ослободи од површината на јадрото и во текот на цела 2015 г. ќе продолжи од орбитата околу кометата да испраќа податоци за ова необично небесно тело. Тоа како се оддалечува од Сонцето, полека ќе навлегува во замрзнат спокој. Со него и апаратот “Розета”, чија мисија на орбитата околу кометата треба да трае околу 17 месеци.

Доколку се оди според плановите, апаратот “Розета” ќе биде најубав поколон за 50 роденден на европската вселенска програма, која во 1964 г, започна со создавање на две организации за развој на ракети – носачи (ЕЛДО) и истражување на вселената (ЕСРО). Единаесет години подоцна (30 мај 1975 г.), со нивното соединување настана Европската вселенска агенција, која разви многу вештачки сателити, ракети – носачи и меѓупланетарни апарати, вклучувајќи ја и “Розета”.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.