Религиозни календари: Како се одредува датумот кога се паѓа Велигден? [VI дел]

0

Православен верски календар

„Оче наш кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги на сите доловите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници. И не воведувај не во искушение, но избави не од лукавиот.“

Ова е Господовата молитва, која е иста и во православниот и во католичкиот свет. Исти се и 10-те Господови заповеди, кои претежно содржат религиозни морални човекови обврски. Но, календарот кој го користат овие две христијански религии е различен. Поделбата во Христијанската црква се случува во 1054 година, кога црквата се дели на Источна (православна) и Западна (римокатоличка). Сите светци кои биле востановени до тој период постојат и во двете цркви, а од поделбата па до денес двете цркви посебно си одредуваат свои светци. Пример за тоа се светците Свети Климент и Наум, кои како свети личности не постојат во католичкиот свет.

Но, најголемиот празник кој го прославуваат и двете цркви е празникот Велигден. Велигден се прославува од најстаро време кај целиот христијански свет. Како религиозен празник не се прославуваше само за време на комунизмот во социјалистичките земји. Во тој период не се одредуваше неработен ден, но и самата држава не го попречуваше јавното собирање кај народот. Истото се однесуваше и за празникот на Христовото раѓање – Божиќ.

Велигден различно се прославува во двете поделени цркви. Во Македонија, Србија, Црна Гора и Русија, овој празник се прославува по стариот Јулијански календар, додека останатите православни држави го прославуваат по новиот Грегоријански календар. За определување на датумот кога се прославува Велигден во православниот свет, се земаат предвид неколку работи. Прво, датумот треба да биде после пролетната рамноденица (21 март), после Еврејскиот празник Пасха (Paschal – 14 Нисан по Еврејскиот календар) и во првиот ден недела после полната Месечина. За главен меридијан се зема меридијанот што поминува низ Ерусалим, поточно низ гробот на Исус Христос (околу 35 степени и 15 минути источно од Гринич).

На самиот празник се прославува Христовото воскреснување и празникот секогаш се прославува во недела. Според Евангелието на Матеј, Исус Христос е роден за време на владеењето на Јудејскиот цар Ирод, кој умрел во 4-та година п.н.е. Се претпоставува дека Исус Христос е роден некаде помеѓу 4-та и 7-та година п.н.е. Не е одреден датумот на неговото раѓање, но според некои документи се спомнува 23 октомври. Неговото распнување се случило на 13 Нисан според Еврејскиот календар, еден ден пред големиот Еврејски празник Пасха (празникот Пасха е најголем Еврејски празник, кога се прославува преминувањето на Мојсеј и Евреите преку Црвеното море; тоа се случило во 3761 година п.н.е; во Израел, празникот се прославува седум дена). Воскреснувањето се случило на 15 Нисан според Еврејскиот календар.

За долгорочно одредување на денот кога се прославува Велигден, во православната црква се користи Гаусовата формула. Неа ја има добиено Карл Фридрих Гаус (Carl Friedrich Gaus 1777-1855), еден од најголемите светски математичари. Докторирал на 22 години и бил директор и професор по астрономија во Готингем. Ја има одредено патеката на астероидот Церес, го пронашол магнометарот и извршил мерења на магнетното поле на Земјата. Мерката за магнетна индукција го носи неговото име. Неговиот лик беше на банкнотата од 10 германски марки.

Формулата е формирана на следниот начин :

R1 = година мод 19
R2 = година мод 4
R3 = година мод 7
RA = 19 х R1 + 16
R4 = RA мод 30
RB = (2 x R2) + (4 x R3) + (6 x R4)
R5 = RB мод 7
RC = (R4+R5) + 13 Јулијански денови

RC1 22 март RC 12 02 април RC 23 13 април RC 34 24 април RC 45 05 мај
RC2 23 март RC 13 03 април RC 24 14 април RC 35 25 април RC 46 06 мај
RC3 24 март RC 14 04 април RC 25 15 април RC 36 26 април RC 47 07 мај
RC4 25 март RC 15 05 април RC 26 16 април RC 37 27 април RC 48 08 мај
RC5 26 март RC 16 06 април RC 27 17 април RC 38 28 април RC 49 09 мај
RC6 27 март RC 17 07 април RC 28 18 април RC 39 29 април
RC7 28 март RC 18 08 април RC 29 19 април RC 40 30 април
RC8 29 март RC 19 09 април RC 30 20 април RC 41 01 мај
RC9 30 март RC 20 10 април RC 31 21 април RC 42 02 мај
RC10 31 март RC 21 11 април RC 32 22 април RC 43 03 мај
RC11 01 април RC 22 12 април RC 33 23 април RC 44 04 мај

За пример, ќе го земеме одредувањето на Велигден за 2005 година.

R1 = 2005 / 19 = 105,526 – 105 = 0,526 x 19 = 9,999 = 10
R2 = 2005 / 4 = 501,25 – 501 = 0,25 x 4 = 1
R3 = 2005 / 7 = 286,428 – 286 = 0,428 x 7 = 2,999 = 3
RA = 19 x 10 + 16 = 206
R4 = 206 / 30 = 6,866 – 6 = 0,866 x 30 = 25,999 = 26
RB = (2 x 1) + (4 x 7) + (6 x 26) = 170
R5 = 170 / 7 = 24,285 – 24 = 0,285 x 7 = 1,999 = 2
RC = (26 + 2) + 13 јулијански денови = 28 + 13 = 41

RC = 41 или 1 мај по Грегоријанскиот календар (види ја горната табела)

Празникот Велигден секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела. Затоа доаѓа до поместување и на други верски празници во текот на годината. На пример, постот за празникот Велигден започнува 7 седмици пред самиот празникот и за 2005 година почна на 14 март. Претходниот ден е празникот Прочка (простување на гревовите) и овој празник секогаш го менува датумот во сооднос со Велигден, но и тој секогаш се паѓа во ден недела. 40 дена по Велигден е празникот Спасовден, и овој празник секогаш се паѓа во четврток. Десет дена по овој празник, или 50 дена по Велигден е празникот Духови (Света Тројца) – ден на мртвите, и овој празник секогаш се паѓа во ден недела. Пред празникот Велигден се т.н. посни денови. Постот во православието е воздржување од мрсна и изобилна исхрана и од сите грешни задоволства, наслади и уживања. И самиот Исус Христос постел 40 дена пред да ја започне својата јавна проповед и да биде искушуван. Покајанието е врвен добродетел во животот на христијаните. Тоа е воскресение на душата и победа на гревот. Преку покајанието и исповеста душата се раѓа за нов и свет евангелиски живот.

Останатите поголеми верски православни празници се:
7 јануари Божиќ (Христово раѓање);
9 јануари Свети Стефан;
19 јануари Богојавление Водици;
31 јануари Свети Атанас;
15 февруари Сретение Господово;
22 март Младенци;
7 април Свето Благовештение;
24 април влегувањето на Исус Христос во Ерусалим – Цветници;
6 мај Свети Ѓорѓиј – Ѓурѓовден;
24 мај Свети Кирил и Методиј;
3 јули Наум Охридски чудотворец;
7 јули раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден;
12 јули Свети Петар и Павле;
2 август Свети Илија – Илинден;
9 август Свети Климент;
19 август Преображение на Исус Христос;
28 август Голема Богородица;
21 септември Мала Богородица;
27 септември Крстовден;
27 октомври Петковден;
8 ноември Митровден;
19 декември Свети Никола.

Посни денови во годината се секоја среда и петок (освен т.н. редовни седмици), водокрст 18 јануари, Свети Јован Крстител 11 септември, Крстовден 27 септември.

Повеќедневни пости се:
Велики пости од 14.03 до 30.04;
Петрови пости од 27.06 до 11.07;
Богородични пости од 14.08 до 27.08;
Божиќни пости од 28.11 до 06.01.

Во среда и петок не се пости во следниве седмици:
-седмица на митарот и фарисејот од 20.02 до 26.02;
-месопусна седмица од 06.03 до 12.03;
-светла седмица од 01.05 до 07.05;
-недела Духовденска од 19.06 до 25.06 и
-недела од Божиќ до Водосвет од 07.01 до 17.01.

Одредени празнични постови го поместуваат датумот во согласност со Велигденските пости.

Во наредните години Велигден се паѓа во следните денови:
2006 година – 23 април;
2007 година – 8 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
2008 година – 27 април;
2009 година – 19 април;
2010 година – 4 април (се поклопува со католичкиот Велигден);
2011 година – 24 април (се поклопува со католичкиот Велигден) и.т.н.

За другите години погледнете ја следнава табела.

2006 23апр 2046 29 апр 2086 07апр 2126 14апр
2007 08апр 2047 21апр 2087 27апр 2127 04мај
2008 27апр 2048 05апр 2088 18апр 2128 25апр
2009 19апр 2049 25апр 2089 01мај 2129 10апр
2010 04апр 2050 17апр 2090 23апр 2130 30апр
2011 24апр 2051 07мај 2091 08апр 2131 22апр
2012 15апр 2052 21апр 2092 27апр 2132 06апр
2013 05мај 2053 13апр 2093 19апр 2133 26апр
2014 20апр 2054 03мај 2094 11апр 2134 18апр
2015 12апр 2055 18апр 2095 24апр
2016 01мај 2056 09апр 2096 15апр
2017 16апр 2057 29апр 2097 05мај 3000 20апр
2018 08апр 2058 14апр 2098 27апр 4000 14мај
2019 28апр 2059 04мај 2099 12апр 5000 11мај
2020 19апр 2060 25апр 2100 02мај 6000 07мај
2021 02мај 2061 10апр 2101 24апр 7000 02јун
2022 24апр 2062 30апр 2102 09апр 8000 29мај
2023 16апр 2063 22апр 2103 29апр 9000 23јун
2024 21апр 2064 13апр 2104 20апр 10000 19јун
2025 20апр 2065 26апр 2105 05апр 10100 21јун
2026 12апр 2066 18апр 2106 25апр 14000 24јул
2027 02мај 2067 10апр 2107 17апр 15000 21јул
2028 16апр 2068 29апр 2108 06мај 20000 21авг
2029 08апр 2069 14апр 2109 21апр 30000 04ное
2030 28апр 2070 04мај 2110 13апр 40000 15фев
2031 13апр 2071 19 апр 2111 03мај 50000 25апр
2032 02мај 2072 10апр 2112 17апр
2033 24апр 2073 30апр 2113 09апр
2034 09апр 2074 22апр 2114 29апр
2035 29апр 2075 07апр 2115 14апр
2036 20апр 2076 26апр 2116 03мај
2037 05апр 2077 18апр 2117 25апр
2038 25апр 2078 08мај 2118 17апр
2039 17апр 2079 23апр 2119 30апр
2040 06мај 2080 14апр 2120 21апр
2041 21апр 2081 04мај 2121 13апр
2042 13апр 2082 19апр 2122 03мај
2043 03мај 2083 11апр 2123 18апр
2044 24апр 2084 30апр 2124 09апр
2045 09апр 2085 15апр 2125 29апр

Напомена: Гаусовата формула важи за периодот од 28 февруари 1900 година до 1 март 2100 година. После тоа, наместо RC = (R4 + R5) + 13 Јулијански денови ќе се пресметува RC = (R4 + R5) + 14 Јулијански денови, поради тоа што 2100-та Јулијанска година ќе биде престапна година, а во Грегоријанскиот календар таа ќе биде проста година. Истото се однесува и за периодот пред 1900 година, кога разликата изнесувала 12 дена.

Текст: Зоран Милчевски

Сподели.