Радио телескопите и дилемата за одалеченоста на Плеадите

0
Заслуги: NASA

Заслуги: NASA

Астрономите користеа телескопи низ целиот свет за да ја решат контроверзијата за одалеченоста на овој ѕвезден кластер, бидејќи таа го поткопува целото досега собрано знаење за еволуцијата на ѕвездите. Мерењата на еден сателит задолжен за ова се покажале погрешни.

Плеадите или ,,Седумте сестри” се наоѓаат во соѕвездието Бик и најлесно се гледаат на зимското небо. Тука се наоѓаат стотици млади, жешки ѕвезди стари околу 100 милиони години. Тие се модел при испитување на други вакви кластери- растојанието до нив служи за мерење на растојанието и до други кластери.

До деведестите се сметало дека растојанието до Плеадите е 430 светлосни години. Сателитот Hipparcos лансиран во 1989 покажал растојание од само 390 с.г. Иако не изгледа како голема разлика таа го довела во прашање нашето знаење за еволуцијата на ѕвездите. Некои од можните одговори биле и во насока дека други закони на физиката владеат во многу младите ѕвезди.

За решавање на проблемот Melis и колегите употребиле глобална мрежа од радио телескопи за најпрецизно можно мерење. Тоа ги вклучило Very Long Baseline Array (група од 10 телескопи од Хаваи до Девствените острови) Robert C. Byrd Green Bank Telescope во Западна Вирџинија, William E. Gordon најголемиот телескоп во Аресибо, Порторико и Effelsberg Radio Telescope во Германија. Со нивната заедничка употреба, исто како да работите со телескоп со големина на Земјата.

Неколку ѕвезди биле следени 18 месеци за да се забележат промените во нивната позиција поради Земјината револуција, потпирајќи се на паралаксата како најдобра позната техника за оваа намена во моментов.

Резултат: 443 с.г. со можност за грешка од 1%.

Може да се каже дека ова е примено со олеснување во научниот свет, бидејќи е блиску до теоретски предвиденото растојание, она пред мерењето на Hipparcos. Прашање е што се случило со Hipparcos и дали и Gaia ( уште едно летало лансирано 2013 ) која употребува сличен начин на мерење ќе покаже вакви резултати за овој кластер и илјадници други.

Порано многу племиња ги користеле Плеадите како тест за окото, имено колку повеќе ѕвезди гледате-толку подобар ви е видот ( обично 5-9 ). Сега со светската мрежа на радио телескопи како најдоброто око на астрономијата можеме да гледаме во просторот и времето.

Превод: Милан Велков

Извор: Phys.org

Сподели.