Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

0

Децении откако беа направени, епски дигитален визуелен проект е во тек повторно да ги осветли фотографиите од Месечината направени од Surveyor 1.

Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

Локацијата на Surveyor 1 во реонот Oceanus Procellarium на Месечината, виден од Lunar Reconnaissance Orbiter на НАСА и (прилог) макета од слетувачот на површината на Месечината. Заслуга: NASA/Goddard Space Flight Center/Arizona State University

Пред педесет години, на 2-ри јуни 1966 година, САД достигнаа клучен пресврт во нивната програма за Месечината – фино слетување на роботска направа на површината на Месечината. Вселенското летало Surveyor 1 (и програмата во целина) беше клучно во испомош на астронаутите на Аполо да ја допрат површината на Месечината во 1969 година. Тоа не беше првото вселенско летало да слета на Месечината – тој рекорд му припаѓа на на Советскиот Luna 9 кој слета на 3-ти февруари 1966 година. Но, програмта на Surveyor постигна неколку големи цели, како откривање на условите на површината и испраќање сигнал назад на Земјата.

Овие слики беа собрани на ленти и тргнати на страна долго пред комјутерите да станат дел од секојдневната употреба. Ова значи дека денес на интернет има само неколку слики на кои се гледа историскиот подвиг на Surveyor 1 во 1966 година. Ова ќе се промени. Смела група од Универзитетот Аризона Лунар и Центарот за визуелен Универзум на Планетарната лабораторија макотрпно дигитализираа повеќе од 93.000 фотографии од програмата Surveyor. За неколку месеци овие фотографии би требало да бидат достапни за јавноста.

Овие слајдови содржат многу фотографии со коментари од тимот кој ја направи возможна нивната повторна појава.

Пребарувањето по фотографии од Surveyor 1 на интернет денес обично ја открива оваа фотографија која што може да ве наежи. На неа е прикажана сенката на Surveyor 1 во Flamsteed Crater, во југозападниот Oceanus Procellarum. Оваа фотографија беше направена вечерта на првото стемнување на Месечината во 1966, кога леталото испрати неверојатни 10.338 фотографии на Земјата за само 12 дена, според информациите на НАСА.

Surveyor 1 исто така прибра податоци за тоа колку е рефлектирачка површината на Месечината и колку може да завзема масата на реголитот (земја). Леталото продолжи со фотографирање на 7-ми јули 1966 година. Неговата мисија беше прекината на 13-ти јули поради батериите, а инженерите продолжија со работа сè до јануари 1967 година. Програмата продолжи со уште шест лансирања, а четири други летала слетаа безбедно (со последното летало Surveyor 7, кое пристигна во 1969 година).

Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

Поглед на месечевиот хоризонт со сенката на антената на Surveyor 1 и соларниот панел, сликана на 13-ти јуни 1966 година. Заслуги: NASA/University of Arizona Lunar and Planetary Laboratory

Повеќе од 93.000 слики од Surveyor 1 беа бесполезно сместени на филмска лента со децении, додека Шејн Бирн (Shane Byrne, вонреден професор на Унивоерзитеот во Аризона кој ги проучува процесите на планетарната површина (planetary surface processes)) зборуваше со членот од тимот на Surveyor, Џастин Ренилсон (Justin Rennilson). „Неговото мислење е дека овие фотографии, за жал, не беа јавно достапни на интернет, бидејќи беше екстремно скапо и големо достигнување истите да се добијат“, соопшти Byrne за вестите на Discovery.

Универзитетот има запоседнато регионална зграда која повлекува фотографии од девет НАСА центри. Помеѓу безбројните фотографии беа оригиналните 70mm филмски ленти кои не беа достапни никаде, ниту во колекцијата, со децении. Бирн и неговиот тим напишаа финанскиски предлог до НАСА во 2013 година со аргументи за вредноста од скенирање на податоците. Кога  го добија грантот започнаа со работа во почетокот од 2015 година.

Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

Автопортрет на Surveyor 1 на 5-ти јуни 1966 година. Заслуги: NASA/ University of Arizona Lunar and Planetary Laboratory

Имаше доста предизвици при скенирање на филмот, рече Џон Андерсон (John Anderson), член на тимот кој работеше на скенирање на сликите и декодирање на информациите од нив. На пример, неколку различни типови на филм беа искористени да се снимат сликите, што влијаеше врз потребата од различна количина на светлина за скенирање на секој тип.

Понекогаш, ролната со лента ќе имаше 3 или 4 различни типови на филмска трака залепени заедно. Тимот исто така откри варијации во големината и празните места на филмот, што го правеше понекогаш тежок за скенирање на повеќе од 10 или 15 фотографии одеднаш . Процесот на скенирање траеше шест месеци, најчесто Џон го правеше тоа самиот со повремена помош од членот на тимот Марија Шушар (Maria Schuchardt, која управува со центарот) и студент.

Тимот ја потврди и помошта од Texas-based Stokes Imaging кои го калибрираа визуелниот систем за дигитализирање на фотографиите од Surveyor и обезбедија асистенција од техничка природа.

Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

Месечевата површина во близина на Surveyor 1, фотографирана на 11-ти јуни 1966 година. Заслуги: NASA/ University of Arizona Lunar and Planetary Laboratory

Модерна дигитална камера вклучува информација на секоја фотографија позната како „метаподаток“, којашто покажува информација како на пример, кога е направена фотографијата, каква камера била користена и со какви подесувања. Постара верзија на ова била достапна на фотографиите од Surveyor, но тие биле кодирани на застарен начин. Секоја слика имала сет од точки и линии со оваа информација. Ренилсон знаел како да ги декодира точките, но му требале 1-2 часа да го направи тоа рачно. Со 93.000 слики било неопходно да се најде побрз начин.

Членот на тимот Леон Палафокс (Leon Palafox) развил софтвер за автоматско читање на информацијата од точката при скенирање. Тимот сега е способен да изврши декодирање на точките на една фотографија за само една минута. Бар кодовите сè уште барале дополнително декодирање, но со помошта од Андерсон (кој беше во позадина на електронското инженерство) тие наскоро сфатиле како да го надминат тоа. Кодот покажува преку која приземјена станица била примена фотографијата, времето кога била направена и мисијата на космичкото летало. Сега има програма која ги дава овие информации автоматски.

Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

Мозаик од слики фотографирани од Surveyor1 на 1-ви јуни 1966 година кои се протегаат низ лунарниот хоризонт (сликите се ротирани според стрелките на часовникот). Заслуги: NASA/University of Arizona Lunar and Planetary Laboratory

Додека сликите се 50 години стари, Бирн изјави дека тие содржат вредни информации кои би биле корисни за планетарната наука денес. На пример, на нив одблиску се гледаат планински реони на Месечината, што е уникатно, бидејќи астронаутите од Аполо престојуваа во безбедните низини. На фотографиите се гледа Месечината во различни периоди од денот , додека фотографиите од Аполо беа воглавно од средината на денот. Една работа која научниците се надеваат да ја видат е електростатичката прашина која левитира на Месечината околку изгрејсонце и зајдисонце.

Тимот планира да ја има сликата спремна за публикација околу крајот на 2016 или почетокот на 2017 година, на веб страните: Space Imagery Center website и NASA’s Planetary Data System website.

Првото слетување на НАСА на Месечината се случи пред 50 години

Набљудување на Месечината снимено од страна на Surveyor 1 на 6-ти јуни, 1966 година. Заслуги: NASA/University of Arizona Lunar and Planetary Laboratory

Превод: Александра Бошкова

Извор: Seeker

Сподели.