Пронајдена е планета во систем од три ѕвезди

0
Пронајдена е планета во систем од три ѕвезди

Уметнички приказ на HD 1885 Ab, првата планета за која знаеме дека е дел од троен ѕвезден систем, па би имала слично зајдисонце на КЕЛТ-4Аб. Двата системи имаат пар ѕвезди кои се на поголемо растојание од ѕвездата околу која орбитира планета. Извор: NASA

Тим од научници откри троен ѕвезден систем со една планета во стабилна орбита. Опишано е како тие откриле дека објектот за кој верувале дека е ѕвезда, всушност бил бинарен систем од ѕвезди кој орбитира околу другa ѕвезда.

Ретки се случаите како овој каде има планети во систем од три ѕвезди. Поточно, ова е четвртто вакво откритие досега. Најновиот примерок воедно и се наоѓа најблиску до нас и ќе ни овозможи подобро проучување. Главната ѕвезда е посветла во споредба со другите две околу кои има планети, па затоа истражувањето на овој систем ќе биде полесно.

Конкретно, се проучува KELT-4Ab (КЕЛТ-4Аб), голем гасовит џин, со слична големина на Јупутер. Оваа планета орбитира околу своето сонце, KELT-A, за околу три дена. Другите две ѕвезди, KELT-B и C, се многу подалеку и нивната меѓусебна орбита трае околу 30 години. А тие, пак, како пар ѕвезди, поминуваат речиси четири илјади години за да ја исполнат орбитата околу KELT-A.

Постоењето на овој систем беше познато неколку години, но досега се сметаше дека бинарниот ситем ѕвезди е всушност една ѕвезда. Ова откритие ќе им помогне на научниците да проучат како еден гасовит џин како KELT-4Ab успева да орбитира толку блиску до ѕвездата. Според теориите, тие би требало да се наоѓаат на поголемо растојание, како во случајот со Јупитер во нашиот систем.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.