Пресметување на иднината на рафинериите за сончево гориво

0

Тим на универзитетски инженери од Висконсин-Медисон развиле алатка која помага во планирањето на идните сончеви горива.

Во труд објавен во списанието „Energy and Environmental Science“ тим воден од професори по хемиски и биолошки инженеринг направиле алатка со која подобро може да ја измерат цената и ефикасноста на производство на сончево гориво во големи рафинерии.

Пресметување на иднината на рафинериите за сончево гориво

Процесот на конверзија на сончевата енергија во течно гориво бара софистицирани, преплетени серии на избори. Но соларна рафинерија е нешто кое е тешко да се мапира поради тоа што дизајните вклучуваат нови и експериментални технологии. Ова го прави тешко развивањето на реални планови кои се економски издржливи и енергетски ефикасни.

Тука влегува во игра новата алатка. Тоа е рамка која се фокусира на сметање на генералните променливи и планираните достигнувања поврзани со развивање на енергетските технологии до ниво на рафинерија. Ова значи дека е специфично дизајнирана да остане релевантна додека производителите на сончево гориво и истражувачите експериментираат со нови технологии и идеи за технологии кои сè уште не постојат.

Истражувачите за обновлива енергија веќе подолго време ја нагласуваат важноста на земање предвид на прозводството на енергија како сеопфатен процес.

Покрај разјаснувањето на разговорот околу сончеви рафинерии, рамката може да помогне и во анализи и планирање останати процеси поврзани со енергијата.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: Phys.org

Сподели.