POLARBEAR детектира извивања во најстарата светлина на Универзумот

0
POLARBEAR детектира извивања во најстарото светло на Универзумот

Мерење на поларизацијата на космичката микробранова позадина.

Космолозите го направиле досега најпрецизното мерење на космичката микробранова позадина. Ова е резултат на соработка на 70 научници во Атакама, Чиле со телескопот дизајниран да ја гледа најраната светлина на Универзумот.

POLARBEAR ја мери останатата радијација од Големиот Прскот, која се ладела и проширила на микробранови должини. Космичката микробранова позадина е осветлувач на историјата на Космосот. Развиен е многу осетлив инструмент, наречен болометар, кој во низа на телескопот ја мери насоката на електричното поле на светлината од разни точки на небото. Се добива мапа од сите насоки во кои оди електричното поле на светлината.

POLARBEAR ги мапираше овие агли на резолуција од 3 аркминути, десетина од дијаметарот на полна Месечина.

Пронајдени се извивања наречени Б-модови во патеките на поларизација – знаци дека оваа космичка позадинска светлина е искривена од структури во Универзумот кои ја содржат мистериозната црна материја и елемантарните честички неутрина кои не можат да се задржат за испитување.

Овој иницијален извештај мапира само три мали делови од небото. Прашината во нашата галаксија исто така емитува поларизирана радијација и има влијаено на други мерења, но овие делови се релативно чисти. Варијации во поларизацијата на радијацијата заради прашина се случуваат на толку широк размер што не влијаат значително на појасните Б-модови во овој извештај. Пронајдените Б-модови се космолошки, а не галактички.

Опсервациите продолжуваат и резолуцијата е магнитуда повисока од таа на другите опсерватории. Со ова испитување се доближуваме до откривање на најдлабоките мистерии за материјата и енергијата на почетокот на времето.

Превод: Јован Милосковски

Извор: Phys.org

Сподели.