Под површината на Плутон веројатно постои океан во течна состојба

0

Иако во јули минатата година, од прелетот на вселенската сонда Нови Хоризонти, во близина на Плутон, се откриени низа интересни факти за таа џуџеста планета, се чини дека новото откритие за постоење на голем подземен океан може да ги засени сите претходни откритија.

Првите знаци за постоење на подземен океан се појавиле кратко по прелетот на сондата, но до неодамна останале на ниво на претпоставки. Дури и научниците се запрашале како небесно тело оддалечено скоро 6 милијарди километри од Сонцето може да има вода во течна состојба длабоко под површината.

Благодарение на новиот компјутерски модел, научниците откриле како површината на Плутон изобилува со набори настанати со компресија на ледот под површината. Компресија на ледот? Како настанува тоа? Познато е како под дејство на таканаречената аномалија на водата, истата се шири кога замрзнува. Меѓутоа, кога водата замрзнува на големи длабочини настанува таканаречен мраз II, кој се однесува сосема различно од својот познат „роднина“, собирајќи се во однос на течната состојба.

Создавањето на мраз II би имало за последица собирање на Плутон, а со тоа и создавање на компресирани тектонски карактеристики на површината, открил професорот Ноа Хемонд (Noah P. Hammond), еден од соработниците на проектот, инаку и предавач на Универзитетот Браун.

„Бидејќи на површината на Плутон има многу рамни делови, без никакви знаци на споменатите компресирани карактеристики, сè упатува на фактот дека мразот II не се формирал, па подземниот океан на Плутон веројатно преживеал до денес“, констатирал Хемонд.

Под површината на Плутон веројатно постои океан во течна состојба

Рамнините на Плутон Заслуги: NASA/New Horizons

Слика3: Поглед на Norgay Montes, Hillary Montes и Sputnik Planum (FOTO: NASA/Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory/Southwest Research Institute)

Меѓутоа, се поставува прашањето, што го одржува подземниот океан на Плутон во течна состојба? Се претпоставува дека за ова е одговорно јадрото на Плутон, коешто сè уште произведува доволна количина на топлина. Сепак, не значи дека во океанот би можело да има живот, дури и оној, најпримитивниот. Позначајно е сознанието како вода во течна состојба може да постои и на џуџести планети, месечини, па дури и на поголеми планети, а без неопходното влијание на плима и осека.

Под површината на Плутон

Поглед на Norgay Montes, Hillary Montes и Sputnik Planum Заслуги: NASA/Johns Hopkins University Applied Physics Laboratory/Southwest Research Institute

„Сателитите на гасовитите џиновски планети, каков што е случајот со јупитеровиот сателит Ганимед, имаат подземни океани поради влијанието на плима и оскеа од планетата. За разлика од тоа, се воспоставува дека Плутон има течен океан и покрај фактот дека не е под влијание на големите планети“, открил Конор Герин (Conor Gearin), соработник во New Scientist.

Иако ова е важно откритие, треба да се напомене дека за конечна потврда за постоењето на споменатиот океан неопходно е да се испрати сонда способна да се пробие длабоко во Плутон.

Превод: Алексанра Бошкова

Извор: Znanost

Сподели.