Плутон има небо со сина боја, слично како на Земјата

0

Нови Хоризонти (New Horizons), мисијата на НАСА кон Кајперовиот појас, само што го направи првиот чекор, а веќе донесе забележителни откритија.

Во јули 2015 г. сондата помина покрај Плутон, на чија површина откри замрзнати планини и големи глечери, кои потсетуваат на Земјата.

Чудната сличност на двете планети, се чини уште повеќе: неодамна примената фотографија од сондата покажа дека небото на Плутон има сина боја, слично на нашето. Сината боја се создава, бидејќи толините (сложени органски молекули во атмосферата на Плутон) ја распрскуваат сончевата светлина во сина, брановидна должина. Истиот феномен се случува и на земјината атмосфера, само што овде се одговорни молекулите на водородот.

Харон, најголемата месечина на Плутон (фотографија: НАСА)

Сондата Нови Хоризонти е лансирана во 2006 г. со јасна задача: да го пополни списокот на планети на кои слетале роботските истражувачи од Земјата (крајот на мисијата е предвиден за 2026 г.), да помине покрај Кајперовиот појас и да го истражи.

Меѓутоа, по само неколку месеци од лансирањето, Меѓународната астрономска унија го укина статутот на Плутон како планета и го рангираше во групата на џуџестите планети.
Оваа одлука во медиумите предизвика многу контраверзии, прашања. Но, службениот статус на Плутон воопшто и не е важен. Планетата е најблиска до Кајперовиот појас и нејзиното истражување, претставува одлична можност за докази за далечното минато на Сончевиот систем.

Небото на Плутон фотографирано од леталото Нови Хоризонти (фото:НАСА)

Сондата во моментот се наоѓа на 33 астрономски единици (над 5 милијарди километри) далеку од Земјата и е во одлична состојба. Поради големата далечина, мерењата кои ги направи на планетата до пристигнувањето до Земјата ќе пристигаат многу бавно, до крајот на 2016 г. Додека, анализите на истите ќе трае до 2017 г.

Мисијата на сондата не е уште завршена, туку таа ќе треба да продолжи со истражувањето на ова таинствено подрачје од Сончевиот систем. Нејзината следна задача е малиот објект со ознаки 2014 МУ69, кој се наоѓа над 1 милијарда години подалеку од Плутон. При моментната брзина од 14.5 км/с. до целта ќе стигне во јануари 2019 г.

Сондата по прекинувањето на комуникацијата со Земјата, ќе го продолжи своето патување низ вселената. Ќе патува буквално милијарди години, со што најверојатно ќе ја надживее планетата од каде е испратена.

Астрономите од Земјата се во понатамошни пребарувања за астероиди и џуџести планети. Сондата би можела да им пријде и да дознае повеќе за нив, од сегашното скромно познавање на научниците за Кајперовиот појас.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Space.com/NASA

Сподели.