Патувањето на НАСА кон Марс

0

Патувањето на НАСА кон Марс

НАСА развива способности потребни за да се пратат луѓе на астероид до 2025 и на Марс во 2030-те – цели отцртани во двопартискиот НАСА Авторизацски акт на 2010 и во Американската национална вселенска политика, исто така издадена во 2010.

Марс е богата дестинација за научни откритија и роботски и човечки истражувања, како што го прошируваме нашето присуство во Сончевиот систем. Неговото создавање и еволуција се споредливи со Земјата, помагајќи ни да научиме повеќе за историјата и иднината на нашата планета. Марс имал услови поволни за живот во неговото минато. Идно истражување може да открие докази за живот, одговарајќи го едно од најфундаменталните мистерии во Универзумот: Дали постои живот надвор од Земјата?

Додека роботските истражувачи го проучуваат Марс повеќе од 40 години, на НАСА планот за човечко истражување започнува во ниска орбита на Земјата во Меѓународната вселенска станица. Астронаутите на оваа лабораторија ни помагаат да докажеме многу технологии и комуникациски системи потребни за човечки мисии во длабоката Вселена, вклучувајќи го Марс. Вселенската станица исто така ни го напредува разбирањето за како телото се менува во Вселената и како да се заштити здравјето на астронаутите.

Нашиот следен чекор е длабока Вселена, каде што НАСА ќе прати роботска мисија да фати и пренасочи астероид да орбитира околу Месечината. Астронаути на леталото Орион ќе го истражуваат астероидот во 2020-ите, враќајќи се со примероци на Земјата. Ова искуство на човечко вселенско летање над нискоземна орбита ќе помогне на НАСА да тестира нови системи и способности, како соларно-електричен погон, што ќе ни треба за да праќаме товар како дел од идни мисии за Марс. Започнувајќи од почетокот на 2018, моќниот Систем за Вселенско лансирање ракети (Space Launch System – SLS) на НАСА ќе овозможат вакви мисии за испробување на способности. Човечки мисии до Марс ќе се потпираат на Орион и развиена верзија на SLS, што ќе биде најмоќното возило за лансирање досега летано.

Флота од роботски летала веќе се наоѓаат на и над Марс, драматично зголемувајќи го нашето знаење за Црвената планета и поставувајќи го патот за идни човечки истражувачи. Роверот Кјуриосити (Curiosity) мереше радијација на неговиот пат до Марс и во моментов враќа информации за радијација од површината. Оваа информација ќе ни помогне да планираме како да ги заштитиме астронаутите кои ќе го истражуваат Марс. Идни мисии како роверот на Марс во 2020, барајќи минати знаци на живот, исто така ќе демонстрираат нови технологии кои ќе им помогнат на астронаутите да го преживеат Марс.

Инженери и научници работат вредно да ги развијат техноологиите кои астронаутите ќе ги користат да живеат и работат на Марс еден ден, како и безбедно да се вратат дома од следната огромна стапка за човештвото. НАСА исто така е лидер во Глобалната истражувачка мапа, работејќи со меѓународни партнери и Американската комерцијална вселенска индустрија на координирана експанзија на човечкото присувство во Сончевиот систем, со човечка мисија на површината на Марс како главна цел.

Превод: Јован Милосковски

Извор: Nasa.gov

Сподели.