Откриена е црна дупка која ги крши правилата

0

М83 е галаксија која е популарна мета на астрономите и моментално се мапира до детали од телескопите Hubble Space, Magellan, обсерваторијата Chandra X-Ray, Australia Telescope Compact Array и The Very Large Array. Информациите добиени од Хабл им овозможија на астрономите да го одредат дијаметарот на мала, моќна црна дупка позната како микроквазар.

Галаксијата М83, е лоцирана на околу 15 милиони светлосни години, во соѕвездието Хидра. Галаксијата е дом на MQ1, мала, но сепак моќна црна дупка. Иако постоењето на овие типови на црни дупки не е непознато, вистинската големина на централната црна дупка никогаш претходно не била точно измерена. Тим воден од Роберта Сориа од International Center for Radio Astronomy Research (ICRAR) ја опиша големината на MQ1 во детали за прв пат. Резултатите беа објавени во Science.

MQ1 е микроквазар, кој има некои прилични уникатни особини. Црната дупка во центарот е неверојатно мала, околу 100 км (62 милји), но има моќни погони кои издувуваат енергија во две спротивни насоки, од кои секоја посебно се раширува на околу 20 светлосни години. Истражувачите веруваат дека MQ1 била формирана пред околу 12 милијарди години и дека микроквазарите како неа биле прилично типични порано, во историјата на Универзумот.

Црната дупка е во категорија на ‘ѕвездени маси’ кои не се повеќе од 70 пати од масата на нашето сонце, додека пак ‘супермасивните’ црни дупки се милиони пати помасивни. Црната дупка во центарот на нашата галаксија како и М83 се сметаат за супермасивни, иако MQ1 е сметана за ѕвездена маса.

Млечниот пат е дом на микроквазар наречен SS433, кој е лоциран на околу 18.000 светлосни години од овде. Иако тој беше прв од неговиот вид што е пронајден и најмоќниот во нашата галаксија, тој има само една десетина од моќта на MQ1.

Проучувањето на микроквазарите ќе им придонесе на астрономите важни информации за животниот циклус на ѕвездите во спиралните галаксии, како М83 и Млечниот Пат. Тие исто така ќе можат подобро да ги разберат условите на раниот Универзум кои дозволиле овие структури да се формираат, и како енергијата емитирана од погоните влијаат на блиската околина.

Извор: IFL

Превод: Стефан Цветковски

Сподели.