Осветлено срце на Плутон

0
Осветлено срце на Плутон

Фотографијата на која се забележува регионот во облик на осветлено срце на Плутон. Заслуги: NASA-JHUAPL-SWRI

По повеќе од девет години и 5 милијарди километри пат до Плутон, време е за вселенското летало Нови хоризонти (New Horizons).

Во раните утрински часови на 8 јули научниците ја добија оваа нова фотографија од Плутон со најмногу детали добиени од камерата Лори (Long Range Reconnaissance Imager – LORRI) на Нови хоризонти. Оваа фотографија е направена на 7 јули, кога леталото се наоѓаше на 8 милиони километри од Плутон и е прва откако на 4 јули леталото се префрли на безбедносен режим.

Овој поглед е грубо центриран на областа која ќе биде набљудувана одблиску на 14 јули кога Нови хоризонти ќе се доближи најблиску до Плутон. На оваа страна на Плутон доминираат три широки региони со различна светлина. Најистакнати се издолжените црни области долж екваторот, познати како „кит“ и големи светли области во форма на срце со големина од 2000 километри. Над овие области се наоѓа поларната област со средна светлина.

„Следниот пат кога ќе го видиме овој дел на Плутон од најблиското растојание, дел од овој регион ќе биде со 500 пати подобра резолуција од оваа што ја имаме денес“, изјави Џеф Мур. „Ќе биде неверојатно!“

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: NASA

Сподели.