Одиме на Европа!

0
Одиме на Европа!

Илустрација на Рон Милер.

Обама го одобри буџетот на НАСА во текот на минатата недела и истиот содржи доста возбудливи цели, меѓу кои и формулирање на мисија за блиска посета на Европа, замрзнатата Јупитерова месечина за која се претпоставува дека е можно да има органска материја на површината. Понатаму, се планираат уште неколку проекти како атомски часовник за напредна навигација, особено корисно за проучување на океаните под замрзнатите површини на месечината.

Дадено е зелено светло на предлогот на НАСА и ЈПЛ со кој се предвидува сместување на летало во орбитата околу Јупитер со цел детално проучување на Европа. Предвидени се 45 блиски прелетувања на оддалеченост од 1700 до 16 милји. Според студијата, со ваков тип на мисија ќе се остварат повеќе од 80% од предвидените истражувања, а трошокот ќе биде околу 50% помал во споредба со опцијата да се испрати летало директно околу Европа.

Леталото би носело разни истражувачки инструменти, како: радар кој би продирал низ површината со што ќе може да се утврди дебелината на мразот, инфрацрвен спектрометар со кој ќе се дознае составот на мразот и топографска камера за правење на слики со висока резолуција.

Илустрација на мисијата на Европа. Извор: НАСА.

Според НАСА, Европа е едно од местата каде шансите за наоѓање вонземски живот се најповолни бидејќи океаните на Европа се двојно поголеми од океаните на Земјата заедно. Понатаму на нејзината површина има неправилни кафени површини и моментално активни геолошки активности.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: io9.com

Сподели.