Ново истражување открива како кометите се распаѓаат и повторно се спојуваат

0
како кометите се распаѓаат

Ново истражување откри како кометите се разделуваат, па повторно се обединуваат. Заслуги: ESA/Rosetta/MPS for OSIRIS Team MPS/UPD/LAM/IAA/SSO/INTA/UPM/DASP/IDA

Дел од кометите кои орбитираат околу Сонцето во период помал од 200 години можат да се поделат на две парчиња и подоцна повторно да се спојат. Всушност, можно е ова да е повторувачки процес со клучно значење во еволуцијата на кометите. Биле испитувани неколку комети, а најмногу познатата 67P. На снимките се гледаат две пукнатини, каде изгледа како да се спојуваат двата поголеми делови од кометата. Со помош на нумерички модели во кои биле зададени ротации на секои 12 часа како што е моменталниот случај, па до ротации на секои 7-9 часа. Според моделите побрзите вртежи би предизвикале повеќе стрес и појава на слични такви пукнатини како што и реално има на кометата.

Кометите се состојат од мраз, карпи и прав. Познатата комета 67Р е како споена од два големи делови и поврзана со тенок врат. Постојат неколку фактори кои можат да предизвикаат побрзо вртење на јадрото на кометата. На пример, при поблиски прелетувања околу Сонцето или Јупитер може да се случи промена на брзината на ротација поради гравитациските влијанија. Истото може да се случи и кога настануваат промени во составот, односно соединенијата како јаглеродниот диоксид и амонијакот наеднаш од смрзната состојба преоѓаат во гасовите и се исфрлаат од површината.

Според компјутерските модели се гледа дека доколку брзината се зголеми до помалку од седум часа по ротација, тогаш делот од кометата кој наликува на глава би пукнал. Тогаш, телото и главата не би можеле да избегаат еден од друг и ќе започнат заемно да орбитираат помеѓу себе. За неколку недели, денови или можеби и часови тие повторно ќе се спојат со слаб судар. Ова би можело да се случува се до самиот крај на животот на кометата.

Во текот на ова истражување биле прегледани снимките со висока резолуција на седум комети, и пет од нив имаат вакви формации.

За периодичните комети како 67Р се смета дека потекнуваат од Кајперовиот појас, предел зад Нептун кој е домаќин на милијарди комети и смрзнати сателити.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.