Нови истражувачки методи базирани на детекција на метан ќе ја зголемат ефикасноста на потрагата по живот

0
Со новите моделирања пронаоѓањето метан на врелите Јупитери ќе биде полесно од било кога. Заслуги: Harvard-Smithsonian CFA

Со новите моделирања пронаоѓањето метан на врелите Јупитери ќе биде полесно од било кога. Заслуги: Harvard-Smithsonian CFA

Предложена е нова, возбудлива метода за барањето на вонземски живот со која астрономите ќе можат подобро да ги проучуваат ладните ѕвезди и т.н. жешки Јупитери.

Откривањето на метанот е една од најважните цели на модерната астрономија. Ова соеднинение се создава во вулканите на Земјата ( и веројатно на Титан) и под повеќето услови неговиот живот е краткотраен. Неговото присуство е потпомогнато од сосема различен извор, па така 90% од метанот кој се наоѓа во нашата атмосфера е создаден од живите суштества. Понатаму, метанот создаден од живи организми има поголемо учество на јаглерод -12 од јаглерод-13 отколку оној кој потекнува од неживи организми. Па при мерење на овие изотопи може да се добијат уште посилни индикации за присуството на живот на некоја од планетите.

Атомите во врелите гасови испуштаат посебни сиглани кои ни овозможуваат со набљудување на емитираната светлина да го откриеме присуството на одредени елементи. Комбинацијата во метанот, јаглероден атом со четири водородни атоми е доста уникатна по спектарот кој го емитува. Но, сепак брановите должини на овие видливи електронски промени може да зависат од актуелните температури. Со развивање на новиот модел ќе може да се прават повеќе истражувања и да се детектира присуството на метан кај планетите со температури слични како на Земјата со што потрагата по живот ќе стане мошне поефикасна.

Извор: IFLS

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.